9 Работи кои секоја спална соба треба да ги има

Просторијата во која читаме, спиеме, одмораме е токму спалната соба, па затоа во неа треба да имате 9 задолжителни работи.

9-raboti-koi-spalnata-soba-treba-da-gi-ima-1

Овие работи ќе ви помогнат од спалната соба да создадете вистинска мала оаза на мирот:

1. Мек тепих

Откако ќе станете од мекиот, удобниот и топлиот кревет последно што ви треба е да застанете на студен под. Затоа покрај креветот ставете си шарен и мек тепих или стаза кои ќе направат да се чувствувате убаво.


2. Нешто што поврзува

И спалната соба треба да биде тематски уредена. Обрнете внимание на деталите кои ќе направат целата соба да биде поврзана во една нота, а тие можат да бидат перничиња, украси и столче во иста боја. На тој начин, ќе постигнете чувство на топлина и смиреност.


3. Перници

Не претерувајте со перниците, туку организирајте според големината на креветот. Доволни се 6 перници за средна големина на кревет. Доколку ставите премногу перници собата ќе изгледа натрупано.


4. Ноќна масичка

Масичката покрај креветот е задолжително, а на неа можете да поставите интересна ламба или омилената книга.

9-raboti-koi-spalnata-soba-treba-da-gi-ima-2

5. Мир и тишина

Вашата спална соба би требало да биде зона без електронски уреди. Мобилните телефони, таблетите, компјутерите и сите други електрични уреди не ги внесувајте во спалната. Тоа нека ви биде правило кое нема да го прекршите. Наместо да ставате аларм на телефон, купете часовник. Само така ќе добиете вистинска оаза на мирот.


6. Работи кои ве прават среќни

Во собата поставете работи кои ви мамат насмевка на лицето секој пат кога ќе ги видите.


7. Квалитетен душек

Никогаш немојте да штедите на душекот, бидејќи квалитетниот трае до 10 години, а неквалитетниот дупло помалку. Душекот е важен за квалитетен сон.


8. Фотографии

Семејните фотографии можат да пробудат во вас убави емоции и сеќавања, па дури и да ве остават буди во текот на целата ноќ. Затоа одберете друга просторија од домот, како на пример дневната соба, во која ќе ги изложите фотографиите.


9. Квалитетна постелнина

Исто како и душекот, така и квалитетната постелнина е многу важна за квалитетен сон. Затоа не штедете и вложете во квалитетна постелнина.

Би можело да ве интересира:

5 „правила“ за уредување спална соба што може (и треба) да ги прекршите Ѕидовите на спалната не мора да имаат светла боја – темнозелените и темносините ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...

Најчитани неделава