5 „правила“ за уредување спална соба што може (и треба) да ги прекршите
Ѕидовите на спалната не мора да имаат светла боја – темнозелените и темносините нијанси делуваат смирувачки, а можат да ѝ дадат доза луксуз на просторијата.

Бидејќи не сме дизајнери и експерти за уредување, нормално е што настојуваме да следиме некои правила кога го уредуваме домот.
Но, само затоа што некое „правило“ е популарно, не значи дека не смеете да го прекршите.
Пет правила за уредување спална соба кои нема потреба да ги следите:
Правило 1: Спалната мора да биде во светла соба
Преовладува мислењето дека ѕидовите на спалната соба треба да се во светла или неутрална боја.
Но слободно можете да експериментирате со нијанси како темнозелена или темносина. Овие бои делуваат смирувачки дури и повеќе од некои светли.
Слободно користете и други материјали со темна боја во спалната соба.

Правило 2: Не треба да ставате биро во спалната соба
Денес сè повеќе луѓе работат од дома, но не секој има луксуз да одвои цела соба за домашна канцеларија.
Па, реално, непрактично е да не ставате биро во спалната соба ако имате потреба од тоа.
Убавото биро може одлично да се вклопи во ентериерот. Притоа, може да ви користи и како место за шминкање.

Правило 3: Спалната соба мора да биде симетрична
Генерално, за спалната соба сите бараат симетричен мебел – како исти ноќни масички од двете страни или исти ламби од двете страни.
Но, и ова е правило што слободно можете да го прекршите.
Ставете различни ноќни масички, ставете само една ламба и немојте да се водите по симетрија ако повеќе ви се допаѓа „хаос“.

Правило 4: Мебелот треба да биде ист
Воопшто не мора мебелот во спалната да биде од еден комплет.
Спалната може да изгледа мошне добро и ако гардероберот е од една колекција, креветот од друга, а бирото од сосем трета.
Важно е само боите и материјалите да се надополнуваат едни со други и собата може да изгледа навистина добро.

Правило 5: Креветот мора да биде поставен на средината на ѕидот
Во повеќето спални, креветот е поставен на средината на „главниот“ ѕид.
Но, ова не може да функционира во секоја просторија, па е правило што слободно можете да го прекршите.
Во ред е ако креветот е поблиску до едниот ѕид или, пак, ако е целосно „залепен“ на два ѕида.
Она што е важно е спалната да биде практична, но и целиот дизајн да ви се допаѓа вас.

Спирова С. | Црнобело
