5 златни правила за совршено организирање на кујната

Веројатно позната ви е маката - брзо ви треба готов ручек, а вие сè уште се мачите да го најдете вистинскиот сад за готвење. Добро организираната кујна е предуслов за лесно и едноставно приготвување на вкусен оброк.

5-zlatni-pravila-za-sovrsheno-organiziranje-na-kujnata-01.jpg

Поради тоа ви претставувавме 5 златни правила кои ќе ви помогнат секогаш да знаете каде што ви се наоѓа:


1. Чувајте ги работите така што секогаш ќе ви бидат при рака

Тавите и тенџерињата држете ги близу рерната, пластичните садови на работната површина, а чиниите, чашите и останатите садови близу мијалникот или машината за перење садови.


2. Групирајте ги работите

Тавите и тенџерињата кои обично ги користите за пржење ставете ги на иста полица. Приборот за јадење и зачините ставите ги во фиока, а дрвените лажици во керамички сад.


3. Достапност

Работите кои често ги користите складирајте ги така што секогаш ќе ви бидат на видик. Тешките предмети спуштете ги на долните полици а оние кои ретко ги користите на горните. Работите кои секојдневно ги употребувате ставете ги напред, а оние кои поретко позади.


4. Ослободете се од старите непотребни работи

Најмалку еднаш годишно проверете ги садовите во кујната и ослободете се од сето она што е старо, оштетено или она што со години не се користи.

Во кујната можете да имате и предмети на кои им поминал рокот на траење, па потребно е и нив да ги фрлите.


5. Проѕирни садови

Сол, кафе, шеќер и сите зачини кои ги користите секојдневно чувајте ги во проѕирни тегли. Исто така, на теглите може да залепите етикети со ознака за она што е внатре, наместо да проверувате повеќе пати.

Би можело да ве интересира:

Трикови за уредување соба со малку природна светлина Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...

Најчитани неделава