5 грешки кои ги правиме при поставување на масата

Неколку мали совети кои ќе ви помогнат масата да ја наредите поубаво и пофункционално. Така, ќе имате можност да се релаксирате и да уживате во вечерата.

5-greshki-koi-gi-pravime-pri-postavuvanje-na-masata-01.jpg

Имајте ги на ум овие неколку совети и вечерата со вашите семејство или пријатели ќе изгледа магично!


Ја пренатрупувате масата

Ако имате помала маса не ставајте дополнителни чинии и прибор за јадење. Прилагодете се на ситуацијата: Ако сервирате само опуштен ручек, една чаша е доволна. Користете помали чинии кои нема да ви зафаќаат премногу простор на масата.


Не сте подготвиле прибор кој ќе ви одговара

Пред да сервирате прибор на масата, прво погледнете сè што имате подготвено. Многу е непријатно ако имате месо и при тоа поставите нож кој не сече толку добро.


Не ставајте преголемa централна декорација

Не е убаво ако од украсот не можете да ги видите луѓето спроти вас. Пред да дојдат гостите проверете дали декорацијата  е соодветна на таа маса, ако не заменете ја со друг детаљ.


Заштитете ја масата

Можеби имате нова маса која изгледа преубаво, но со различните јадења и пијалаци има големи шанси да се извалка. Затоа најдете чаршав кој ќе ви одговара и заштитете ја.


Не ja украсувајте со свеќи и цвеќе

Иако преубаво изгледаат и мирисаат, сепак јадењето е тоа кое треба да ги разбуди сите сетила. Подобро ќе биде без овие додатоци на масата.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ги имате во кујната, а не одговараат на стилски и удобен дом Намирници складирани во ќеси и видливи кутии, детергенти за садови во оригинални...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
4 „правила“ за уредување дневна соба што слободно можете да ги прекршите Троседот не мора да биде фокусна точка, а ако имате повеќе простор, ни телевизор...
3 идеи како практично да го уредите домот, според експерти за дизајн „Практичен ентериер е оној што може да го издржи секојдневниот живот. Не ба...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...

Најчитани неделава