Како да создадете хармонија во вашиот дом во 2016-та?

Новата година овозможува нов почеток за вас, но и вашиот дом. Се во него, внимателно избраните бои, шари, интересни лампи, килими ве отсликуваат вас и вашиот карактер. Мирен дом значи и мирен човек. А, на кој не би му одговарал мир во новата година?

kako-da-sozdadete-harmonija-vo-vashiot-dom-vo-2016-01.jpg

Споделуваме со вас мал почетнички фенг шуи водич кој ќе ви помогне да го храмонизирате домот.

1. Расчистете го нередот

Кардиналното правило на фенг шуи е - без неред. Енергијата мора слободно да се движи низ вашиот простор,а нередот го спречува движењето и се создава негативна енергија. Издвојте 10 до 15 минути секој ден за да средите и одберете што сакате да зачувате, а што не ви треба.


2. Отворете ја вратата за позитивна енергија

Средениот влез, според фенг шуи, секогаш ќе направи да се чувствувате добредојдени. Главниот влез треба да биде чист, без препреки како кутии со чевли.


3. Додајте растенија

Растенијата го развеселуваат просторот со тоа што ги собираат токсините од воздухот. Затоа, подновете се со неколку саксиски цвеќиња и растенија.


4. Тоа што е расипано, поправете го

Фиоки кои не се отвораат, скршени предмети, облека со дупки се само дел од работите кои прават да имате чувство на „расипаност“. Ставете црвени точки на се што треба да се поправи и како што ќе почнете да се грижите за работите кои се означени, ќе се чувствувате многу подобро.


5. Излезете надвор од линииите

Закачувањето на уметничките слики во една линија создава нешто кое во фенг шуи е познато како „отровна стрела“. Затоа избегнувајтре ги острите работи и строги линии. Препуштете се на спонтаноста, необичноста и буквално излезете надвор од линиите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Парчиња мебел и предмети за кои луѓето најчесто зажалуваат, според дизајнер на ентериер Немојте да купувате неквалитетна гарнитура само затоа што ви изгледа убаво бидеј...
7 трикови за уредување со кои и скромниот дом ќе делува луксузно Бр. 1 - не се плашете да ставите мебел или украс во темни бои кои делуваат луксу...

Најчитани неделава