Идеи за сечиј вкус: 30 најубави кујни на Инстаграм

Во потрага сте по интересни идеи за уредување на катчето за готвење? Ви претставуваме мноштво креативни примери кои ќе ве инспирираат и покажат кои се најактуелните трендови во моментот.

idei-za-sechij-vkus-30-najubavi-kujni-na-instagram-1.jpg

Кујната е срце на домот и средиште на случувањата. Катче во кое го започнуваме денот со варење на првото утринско кафе, каде со многу љубов го подготвуваме ручекот за себе и семејството, или, пак, јадеме нешто вкусно пред спиење.

Секогаш преполна со бои и мириси, кујната е просторија каде нашата креативност доаѓа до израз, поттикната од пријатниот и топол амбиент. Поради тоа, од особена важност е  темелно да го испланирате уредувањето овој важен дел од домот, обидувајќи се да создадете совршена кујна, која ќе биде идеален спој на убавина и функционалност.

Најдобриот начин да се подготвите за почетокот на опсежно и темелно планирање е разгледувањето креативни примери и потрагата по кујни кои ве привлекуваат со својот изглед, распоредот, изборот на бои, или, пак, внимателно одбраните детали.

За да ви ја олесниме работата, ви ги издвојуваме 30-те најубави предлози од социјалната мрежа Инстаграм, чии корисници со задоволство ги споделуваат, затоа што се горди, инспирирани или едноставно воодушевени од нивниот дизајн.

Погледнете кои се најдобрите кујни на Инстаграм и преземете го најдоброто од најдоброто за вашиот дом:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да внесете пролетна естетика во вашиот дом (како кај инфлуенсерите) Кај македонските инфлуенсерки сигурно веќе ги гледате чиниите и шолјите во форма...
Пет причини зошто француските кујни изгледаат пријатно и убаво (дури и кога се хаотични) Во француските кујни, секогаш има парче мебел, декорација и слично што не е во с...
6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
5 кул решенија за малите кујни да изгледаат стилски и просторно Мали коцкести плочки во боја кои создаваат ефект на бесконечен мозаик, или комби...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...

Најчитани неделава