Проблеми во домот кои се решаваат само со малку боја
Честопати се случува да сакаме да промениме дел од мебелот во домот бидејќи ни здосадила неговата монотонија.

Боењето на голем дел од старите елементи е одличен начин да заштедите пари, притоа не откажувајќи се парчињата мебел кон кои сте приврзани.
Исто така боите може да го стеснат или прошират просторот, секако, во зависност од вашите потреби.
Погледнете ги фотките и фатете се работа:
1. Светлите бои се одличен начин за визуелно раширување на тесните скали.

2. Гребаниците од подот ќе станат помалку забележливи доколку го обоите.

3. Извалканиот ѕид над шпоретот може да го покриете со дезениран тапет.

4. Силните бои како сината ќе ја освежат белата бања.

5. Стариот мебел ќе добие сосема нов лик ако ги пребоите вратичките или страните.

6. Истото важи и за старите дрвени елементи во кујната.

7. Црната боја е одлична за визуелно зголемување на просторот во малите бањи.

8. Ноќната масичка ќе делува како нова ако ја обоите во некоја потемна нијанса.

9. Впечатливите прозорци се нешто кое навистина ќе го дефинира просторот. Не мора да бидат бели.

10. Старите креденци на баба и дедо одлично би се вклопиле доколку се во силни бои.

11. Дури и здодевната ламперија не мора да изгледа толку здодевно.

12. Различните бои во внатрешноста и надворешноста на лустерот ќе го направат навистина уникатен.

13. Дури и најобичните дрвени скали може да добијат сосема нов лик, само одберете шара и боја.

14. Обојте ја внатрешноста на вградените елементи и истакнете ги украсите

М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете
Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна
„Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит
Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно
Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 трикови со кои визуелно ќе го зголемите малиот ходник
Големото огледало е идеално за мали простории бидејќи визуелно го зголемува прос...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив)
Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...