Пролетни декорации во скандинавски стил (фото)

Доколку сте љубители на едноставните, чисти, минималистички и пред сè смирени животни амбиенти, тогаш скандинавскиот пролетен декор е полн погодок за вашиот дом.

proletni-dekoracii-vo-skandinavski-stil-foto-1.jpg

Пролетта пристигна, па вистинско време е да ја оживеете магијата на сончевата сезона и во вашето катче за живеење. Ако сакате да го пресликате будењето на природата во ентериерот, но не сте големи љубители на интензивните бои или шарените флорални дезени, туку сакате нешто посмирено и лаконско, ви нудиме совршена инспирација за таа намена.

Оваа пролет, декорирајте го вашиот дом во скандинавски стил. Традиционални карактеристики за скандинавскиот дизајн се белата, црната и сивата боја, минимализмот и умереноста во уредувањето, како и свежите природни допири.

Во тој поглед, особено се користат зеленилото и билките, но не во преголеми количини, а тие се елементите кои ѝ даваат живост на нордиската пролетна тема. Пастелните бои се уште една прекрасна варијанта за пролетен декор во скандинавски манир, а она што посебно ни се допаѓа кај овие романтични и елегантни украси е едноставноста која се провлекува низ убавиот стил.

Од галеријата во продолжение, погледнете на кој начин можете да ги внесете пролетта и скандинавскиот шарм во животниот амбиент:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
10 (евтини) трикови и совети за удобен дом во нордиски стил Не се опседнувајте со тоа креветот во спалната да биде совршено наместен, а наме...
3 идеи како практично да го уредите домот, според експерти за дизајн „Практичен ентериер е оној што може да го издржи секојдневниот живот. Не ба...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...

Најчитани неделава