Боите за уредување кои ќе бидат во тренд 2017-та и 2018-та, според Pantone

Според водечката американска компанија „Pantone“ која е прв и последен одлучувачки фактор кога станува збор за боите во домот, ова се трендовите на уредување кои ќе завладеат во следната 2018 година. Но, добро е да се подготвите навреме, а доколку сте нетрпеливи може да започнете и веднаш со реновирање на домот.

Shekernite-veseli-trendovi-na-ureduvawe-se-konecno-na-pragot-01.jpg

Весели шеќерни бои ќе завладеат под покривот – започнувајќи од тиркизно-небесно сината боја, продолжувајќи со вибрантната магента и завршувајќи со џунгла-зелената боја.

Додатоците со типографски елементи испишуваат прекрасни пораки, па вметнете неколку зборови во домот кои имаат особено значење за вас.

Сировите материјали како дрвото и јажињата никогаш не излегуваат од мода, а ресите се уште еден детаљ кој со нетрпение го очекуваме.

Металик нијансите кои се прелеваат се дел од украсите како вазни, мини ковчежиња или лустерите. За крај, задолжително имајте еден ѕид или едно парче мебел со геометриски симетричен дезен и повторно обоен со живи и весели бои.

Ова дефинитивно се трендови за среќни и насмеани луѓе, па бидете едни од нив:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та Тиркизна и сива за бањата и спалната соба, како и боја на сенф и темносина за во...

Најчитани неделава