15 растенија за секоја соба од вашиот дом
Домашните растенија нудат спокој во домот, а истовремено претставуваат одлична декорација на ентериерот.

Тие го зголемуваат количеството на кислород во домот, а некои од нив имаат и способност да го чистат воздухот од отрови.
Доколку сте неодлучни при изборот на растенијата, погледнете ги следниве идеи:
1. Бања
- Палма. Го чисти воздухот од амонијак, што е особено важно после хемиско чистење на бањата.
- Аглаонема. Го намалува нивото на формалдехид кој се наоѓа во козметичките производи. Најдобро е да се чува во близина на тушот.
- Европски/Англиски бршлен. Го апсорбира јаглеродниот диоксид и истовремено го чисти воздухот од токсини и тешки метали.

2. Спална соба
- Сансеверија (Sansevieria Trifasciata). Ова растение испушта кислород во текот на ноќта и го прочистува воздухот од токсини, со што значително се подобрува сонот.
- „Крин на мирот“ (Spathiphyllum). Ги апсорбира токсините од препаратите за домаќинство (ацетон, амонијак). Има особено важна улога во прочистувањето на воздухот во затворен простор.
- Орхидеја. Растение со прекрасни цветови. Произведува доволно кислород во текот на ноќта и го чисти воздухот од толуен.

3. Детска соба
- Кафето претставува растение кое е природен филтер. Го чисти воздухот од бензен, формалдехид, фенол и трихлоретилен.
- Хибискусот создава поволна микроклима. Освен што го прочистува воздухот, им овозможува и на другите растенија што се во негова близина подобро да растат.
- Цикламата помага при справување со несоницата, синдромот на хроничен замор, депресивното расположение и раздразливоста.

4. Дневна соба
- Драцена (lat. Dracaena). Го прочистува воздухот од формалдехид (содржан во фарбите, теписите и завесите) и бензен (го има во фарбите и синтетичките влакна).
- Хлорофитум (Chlorophytum crested). Ги намалува емисиите на формалдехид од автомобилите и чадот од тутунот, и го чисти и оксидира воздухот.
- Бенџамин. Го уништува бензенот во воздухот, трихлоретиленот и фенолот.

5. Кујна
- Алое вера. Го прочистува воздухот од бензен (кој го има во детергентите) и формалдехид.
- Мадагаскарски јасмин (Stephanotis floribunda). Освен убавината што ја нудат неговите ситни бели цветови, ова растение го ревитализира и воздухот во кујната.
- Африканска темјанушка (Saintpaulia). Предноста на ова растение е што може да ги избрка мравките од домот.

М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел)
Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино
Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно
Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби.
Пр...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно
Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок
Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби)
Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...