Фенг шуи совети за летната сезона во домот

Летната сезона е вистинско време за прочистување на старата, застоена енергија домот и за додавање на неколку елементи кои внесуваат свежина и хармонија во просторот.

feng-shui-soveti-za-letnata-sezona-vo-01.jpg

Според Фенг шуи, летниот период е поврзан со елементот оган кој се поистоветува со силна енергија и страст, но и со слава и репутација, односно начинот на кој другите нé доживуваат. Делот во домот поврзан со ова е ходникот. Поставете некој украс во црвена боја во ходникот или свеќа која носи топлина и „оган“.

Прочитајте уште неколку совети за уредување на домот во летната сезона според оваа древна кинеска уметност:

1. Погрижете се сé да биде уредено и организирано на начин на кој енергијата слободно ќе се движи низ собите.

2. Ако имате медали, награди или трофеи, поставете ги на видно место.

3. Додадете растенија, како што е бамбусот, кои носат финансиски успех и билки што го прочистуваат воздухот.

feng-shui-soveti-za-letnata-sezona-vo-domot-02.jpg

4. Користете водени елементи. Ако не можете да си направите фонтана во домот, ставете слики или фотографии со водопади, езера, реки и слично.

5. Поиграјте си со кристалите. Висечки кристал во домот го одржува спектарот на бои кога е осветлен од сончевите зраци.

6. Погрижете се просторот да добива што е можно повеќе природно светло бидејќи тоа дава многу позитивна енергија.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Како да го организирате малиот ходник за да не изгледа натрупано, а да има место за сè? Однапред размислете што ќе биде скриено и избегнувајте отворени полици. Однап...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава