Како да го организирате малиот ходник за да не изгледа натрупано, а да има место за сè?
Однапред размислете што ќе биде скриено и избегнувајте отворени полици.

Ходникот обично е најмалата просторија во станот, па важно е добро да испланирате како ќе го организирате.
Како да го испланирате просторот во малиот ходник за да не изгледа натрупано?
Однапред размислете што ќе биде скриено
Колку помалку предмети ќе се гледаат во ходникот, толку поуредно ќе изгледа. Па, однапред испланирајте што планирате да чувате во ходникот и каде ќе го складирате.
Чевлите е најдобро да бидат во шкаф, а ако има простор истото важи и за палтата. Добро е да имате и отворена закачалка за едно-две палта, или пак за чанта.
Додајте повеќе извори на светлина
Добро осветлениот простор секогаш изгледа поуредно, па и попространо.
Покрај светлото на таванот, можете да ставите уште една ѕидна ламба или, пак, подна ако има место.
Искористете го вертикалниот простор
Во мал ходник, препорачливо е шкафот да достигнува до таванот за максимално да се искористи просторот за складирање.
Можете да ставите шкаф и над вратата кој ќе ви даде уше повеќе простор.
Избегнувајте отворени полици
Со отворени полици, во ходникот ќе се гледаат сите предмети што ги чувате таму. Ако е мал, ова ќе направи да изгледа хаотично.
Најдобро е да ставите шкаф со врати, а отворена нека биде единствено закачалката за палта.
Најдете им место на малите предмети
Ако ги оставате предметите како клуч и сметки во ходникот, обезбедете им соодветно место.
Клучевите можете да ги закачите на мала закачалка, а за пошта, весници и слично можете да ставите посебна кутија.
Плански складирајте ги чевлите
Навистина е важно како ќе го дизајнирате шкафот за чевлите за внатре да ви собере сè.
Најдобро е да имате една мала полица или шкафче за чевли што ги носите секој ден. Оваа полица може да биде и отворена.
Во шкафот обезбедете место за сезонските чевли или оние што ги носите поретко.
Спирова С. | Црнобело