11 работи што треба да ги обоите за белиот ентериер да добие нов изглед

Одвреме навреме, на сите ни станува здодевен и монотон домот, дури и ако кога сме го уредувале сме му посветиле многу внимание на ентериерот.

11-raboti-shto-treba-da-gi-oboite-za-beliot-enterier-da-dobie-nov-izgled-01.jpg

Во такви моменти, сигурно помислувате дека ви е потребна некоја голема промена, или пак целосно кречење и менување на боите, но не секогаш е така.

Понекогаш, доволно е да ја смените бојата само на неколку ситници од ентериерот за домот да добие нов и свеж изглед.

Погледнете на колку едноставен начин можете да го трансформирате домот со додавање боја на 11 елементи:

Задниот дел од шкафчето со садови

Белата позадина е секогаш по малку монотона и досадна, па затоа купете боја во нежна, но впечатлива нијанса за кујната да изгледа посветло.

Внатрешноста на вратите

Да, иако можеби не сте помислиле на ова, сепак и вратите во домот може да се трансформираат. Не треба да ја боите и уништувате целата врата, доволно е да ја обоите во силна боја само внатрешноста.

Ѕвончето на врата

Пред повеќето домови, ѕвончето е најчесто бело, па сосема е логично дека кога ќе му се промени бојата ќе изгледа многу поуникатно. Одберете впечатлива и светла боја и променете го делот околу вашата влезна врата.

Шкафчиња и фиоки

Еден период белите елементи со шкафчиња и фиоки беа многу популарни, но сега тоа е парче мебел кое изгледа многу монотоно само во бела боја. Секако, би било премногу доколку цела комода ја обоите, или пак купите нова, но можете да импровизирате и да обоите само неколку вратички и фиоки во различна боја.

Или пак, доколку не сакате шаренило, можете да ги нагласите ногарките и рачките во една иста боја.

Исто така, може да се обои само горниот дел и повторно би изгледало добро.

Имате огромен избор за да го разиграте овој дел од домот, а да заштедите многу.

Столчиња

Понекогаш минимализмот и целосно белите столчиња може да изгледаат убаво, но по одреден период, секој сака промена, а тоа не значи да купите нови.

Доволно е само да ги обоите ногарките или некој друг дел од столчето, во храбра и впечатлива боја која секако ќе одговара на останатиот дел од ентериерот.

Рамки на прозорците

Типичните бели рамки на прозорците во домот создаваат монотонија посебно за оние кои сакаат поголема живост.

Можете да импровизирате и во зависност од големината на прозорот и вашиот вкус, обојте ја само рамката на прозорот, или сите останати елементи – изборот е ваш, важно е да не се плашите да експериментирате.

Ѕидови

Ако сите ѕидови во собата се целосно бели или со светла нијанса, тогаш ви е потребно да додадете акцент на еден од ѕидовите. Обојте го во светла и впечатлива боја и целиот ентериер ќе добие нов изглед.

Таван

Доколку сакате промена, но боење на ѕидовите не е една од тие опции, тогаш дајте му акцент на таванот. Обојте го во друга боја од останатите ѕидови и веднаш ќе внесете „нов живот“ во познатиот ентериер.

Полици на ѕидот

Полиците во иста боја понекогаш изгледаат пријатно и интересно како и сите други работи, но по одреден период стануваат здодевни за гледање. За да не купувате многу, доволно е само некои од нив да ги обоите во различна боја. Употребете ја имагинацијата.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...

Најчитани неделава