Едноставни начини да го направите вашиот стан отмено место за живот

Вистинскиот избор на бои, мебел и детали ќе го направи вашиот дом да изгледа отмено и стилски на многу еднсотавен начин.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-01.jpg

За елегантен и модерен ентериер не секогаш е потребно „богатство“, доволно е да имате добар вкус и правилно да ги комбинирате работите.

Ќе ставите неколку поинтересни елементи во фокус и вашиот дом ќе изгледа одлично.

Неколку совети кои треба да ги следите во уредувањето за домот да ви изгледа отмено:

„Три“ е магичен број

Собата украсете ја со некој многу впечатлив детаљ. Но, секогаш е подобро кога е повеќе од едно, а 3 е идеално.

Три модерни уметнички слики – купени или пак, сами направете ги со слики од интернет поделени во 3 дела.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-02.jpg

Голем тепих

Не е вистина дека големиот тепих е наменет само за големите соби. Ако имате мала соба и сакате визуелно да ја зголемите – неутрални бои, огледало зад гарнитурата и голем пуфкаст тепих се идеални решенија за да го направите тоа.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-03.jpg

Малку е повеќе

Преполните полици со книги и украси нема да допринесат вашиот дом да изгледа отмено и уредно. Дизајнерите предлагаат кога ја средувате собата, да не ја претрупувате.

Полиците со по неколку книги и една вазна изгледаат многу поотмено и скапо. Доколку пак имате празен дел во станот, доволно е да го дополните со една впечатлива фотелја и да направите катче за читање.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-04.jpg

Одредете фокусна точка со одреден детаљ

Секоја соба има потреба од своја фокусна точка. Доколку во дневната соба немате некој упадлив детаљ кој би го забележал секој на секое влегување, веднаш најдете го.

Голема слика над софата, впечатлива фотелја која ќе се одвојува од сè останато или пак уникатно огледало – изборот е ваш.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-05.jpg

Еден ѕид во потемна нијанса

Најевтин и наједноставен начин да му дадете отмен француски изглед на здодевниот простор е да акцентирате еден ѕид во потемна боја.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-06.jpg

Природна светлина

Доколку имате таква среќа во домот да ви продира многу природна светлина, на одличен пат сте да го направите просторот модерен.

Светлите простории се синоним за елеганција и отменост, но збогатете ги деловите во просторијата со повеќе перници во различни текстури.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-07.jpg

Различни стилови

Во неутралниот простор, идеално е кога ќе додадете боја, текстура и детали кои ќе се разликуваат.

Слободно мешајте различни форми и стилови – на пример комбинација од модерен и ретро стил.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеам во најмалиот стан во Њујорк од само 9m² - како функционирам?“ Како изгледа животот во стан од само 9m²? Дали ова навистина е најмалиот стан во...
10 работи кои инстантно ви го прават домот несреден За повеќето од нас, домот е рефлекција на карактерот на домаќинот, па сите сакам...
Асиметрични огледала и уште 5 типови на „откачен“ декор со кои вашиот дом ќе заблеска во 2022 (фото) Понекогаш не треба да се направат многу работи ниту да се вложат премногу пари з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg