Енергетско чистење на домот: Кога и зошто ви е неопходно?

Доколку сакате да привлечете повеќе добра во сопствениот живот, тогаш ваквиот ритуал ќе ви биде од голема полза. За што точно станува збор?

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-1.png

Размислувате како да ги поттикнете толку посакуваните промени? Започнете со физичко и енергетско чистење на својот дом.

Со помош на фенг шуи принципите, ќе почувствувате неверојатен прилив на добра енергија и позитивно расположение.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-2.jpg

За да тргнете полесно кон нови и свежи почетоци, најважно е да се ослободите од старите навики и шаблони, коишто не ви донеле ништо продуктивно. Напротив. Тие само ве блокирале во креирањето на нешто подобро.

Пролетта е вистинското време за акција. А, најдоброто нешто кое може да го направите, првин е ментално да се отпуштите од сѐ она од кое сакате да се ослободите.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-3.png

Исфрлањето на вишокот работи и темелното чистење на домот, симболизираат нов почеток.

Ова ви овозможува во својот живот да внесете промени, да запознаете нови луѓе и да ги искористите приликите што ви се пружаат.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-4.jpg

Уредниот и чист дом создава чувство на мир, привлекувајќи ги среќата, здравјето и благосостојбата во животниот простор.

Кое е најдобро и најлошо време за чистење на домот?

Идеално е чистењето да се практикува барем еднаш годишно.

Сепак, се препорачува да се направи и после секоја поголема препирка или расправија во куќата, развод или раскинување на врска, болест или смрт на член од семејството, преселба или отселување на некој од станарите, губење на работното место и сл.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-5.jpg

Оптималното време е самиот почеток на годината. Меѓутоа, за вакво чистење речиси и да нема лошо време. Може да го изведете секојпат кога за тоа чувствувате потреба.

Не е пожелно да се извршува додека жената е бремена, како ни ако бебето е штотуку родено. Во такви ситуации, нужно е да почекате 40 дена, односно да помине периодот што е потребен за да се вкорени новата енергија.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-6.jpg

Доколку никогаш претходно не сте го прочистувале просторот, голема е шансата дека при првиот обид, нештата ќе се одвиваат многу побрзо, како и дека одредени односи ќе се завршат.

Тие односи може да бидат партнерски, деловни или пријателски. Зошто?

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-7.png

Откако енергетски ќе го исчистите просторот, во вашиот живот автоматски ќе почнат да пристигнуваат нови луѓе и настани, а да отпаѓаат старите и непотребните.

Од што сѐ може да се исчисти домот и останатите простори?

Листата е прилично долга. Накратко - домот, ама и останатите простори, може и треба да се исчистат од застоената негативна енергија.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-8.jpeg

Тука спаѓаат болестите, кавгите, разводот, банкротот, депресијата, енергијата на бившите станари, како и невидливите енергии кои имаат исклучително големо влијание на животот во дадениот простор.

Физичкото чистење подразбира вшмукување и бришење на прашината, фрлање на сите непотребни предмети, како и темелно отстранување на нечистотијата од целиот дом.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-9.jpeg

Штом ќе тргнете со физичко и енергетско чистење, неизбежно ќе почувствувате дека започнува исцелителниот процес. Сѐ ќе ви биде возбудливо и проткаено со нова позитивна енергија, која ви дава сила, креативност и елан.

Уште подобро е ако во процесот учествуваат сите членови на домаќинството, бидејќи така мошне поволно ќе влијае на целото семејство, а со самото тоа, кај сите ќе се случи исцелување, на начинот што е најдобар за секого поединечно.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-10.png

Можеби целокупниот процес ќе ви се чини по малку необичен, но верувајте дека дејството е магично, па подоцна ќе се чувствувате поведро, поопуштено и попозитивно, а тоа е непроценливо.

Што сѐ ви е потребно за енергетско чистење на домот?

За самиот процес се потребни неколку ситници.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-11.png

Вообичаено, тие се: мирисливо стапче, свeќички, свежо цвеќе, морска сол, фигура на светец или заштитник (Исус, Буда, ангелче...), малку приготвена храна (оризот е најпрактичен, а може и јаболка), метално ѕвонче, гонг (тука може да послужи и кујнската тава за почеток), тапанче или друг вид удиралки.

За помал стан, сосема доволни се час и половина.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-12.jpeg

Самиот ритуал, пак, претставува прашање на лични преференции. На вас е да направите мало пребарување за процесот на енергетско чистење, па да се одлучите за она што најповеќе ви одговара.

Доколку ви делува како преголем залак, или, пак, немате волја сами да влетувате во процесот, тогаш обратете му се на некого што се разбира во фенг шуи, односно може да ве советува или изврши обредот наместо вас.

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-13.jpeg

Смислата на енергетското чистење е да го освестите она што би сакале да го промените во сопствениот живот, како и прилика да ги остварите целите и желбите, коишто во вашето срце ќе внесат мир, добрина, радост и леснотија.

Практикувајте го секогаш и во било кое време, доколку почувствувате дека неопходна ви е промена. 

energetsko-chistenje-na-domot-koga-i-zoshto-vi-e-neophodno-14.jpeg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg