Предмети од домот кои не треба да ги фрлате пред селење

Многу луѓе преселувањето го користат како прилика да фрлат работи кои одамна не ги користеле.

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-01.jpg

И тоа е одлична работа, но понекогаш, кога ќе ви тргне, може да фрлите и некои работи кои всушност би ви биле потребни во процесот.

На пример, ако се селите во нов стан, да нема наместено сијалици, па столните ламби ќе ви бидат од корист.

Исто така, малите столчиња и масички кои долго не сте ги користеле, сега може да ви користат додека уште не сте го ставиле новиот мебел.

Најдобро е оние работи за кои не сте сигурни бидејќи мислите дека би ви затребале додека се селите, да ги зачувате, па да ги фрлите ако не ви требаат откако ќе се преселите.

Истото важи и за работите кои во иднина ќе сакате да ги имате, а во моментот можеби сте расположени за фрлање на сè и сешто па не би требало да избрзувате. 

Во секој случај, најдобро е да не ги фрлате веднаш следниве работи:

Столна ламба

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-02.jpeg

Продолжени кабли со повеќе штекери

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-03.jpg

Мали столчиња и маси на кои ќе може да седнете додека донесете мебел

Додатоци за селење како метро, селотејп, кутии, алати 

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-04.jpeg

Документи кои ќе ви требаат во иднина

Стари слики и албуми

Стари електронски уреди од кои не ви се префрлени податоците

Кебиња и постелнина кои може да ви затребаат при селење

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-05.jpeg

Свеќи, запалки и слични додатоци за итни случаи

Пластични кутии кои може да ви послужат за пренесување други работи

Стари куфери кои исто така може да ви помогнат за полесно транспортирање одеднаш

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-06.jpeg

Кутии и корпи за организирање и складирање предмети

Сметки и кутивчиња од скапиот накит

Гаранција за електронски уреди и бела техника

Стари крпи и средства кои може да ви послужат при селењето и чистењето

predmeti-od-domot-koi-ne-treba-da-gi-frlate-pred-selenje-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
5 прекрасни идеи како може да го декорирате ѕидот зад софата, а да изгледа впечатливо и скапо (фото) Кога станува збор за декорирање на домот, мора да сфатиме дека тој постојано (ќе...
Предмети кои ги чувате во кујната, но би требало да ги преместите Кујната би требало да биде најфункционалната просторија во еден дом... Кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg