Создадете совршена енергија во кујната со помош на Фенг-шуи техниката

За некои, кујната е местото каде што со задоволство поминуваат најголемиот дел од времето. Но, таа може да стане и уште попријатно и поубава просторија во домот, доколку примените неколку едноставни Фенг-шуи совети и ја избалансирате енергијата.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata-01.jpg

Се верува дека Фенг-шуи, древната кинеска вештина на живеење и уредување на просторот, може да донесе рамнотежа и мир во животот. Доколку правилно ги уредите собите во домот, ќе внесете успех, здравје, изобилство и среќа во сопствениот живот.

А зошто не би започнале од кујната?

Исфрлете ги непотребните работи

Сè што не користите подолго време, слободно фрлете го или подарете го некому доколку е во исправна состојба. Старите скршени или излупени, како и пластичните садови и расипаните кујнски апарати треба да ви бидат на врвот на листата за фрлање.

Тие внесуваат лоша енергија и неред во вашиот живот. Воедно, фрлете ги и производите од фрижидерот чиј рој на употреба е веќе истечен.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (2).jpg

Исчистете го шпоретот

Нека рерната и ринглите заблескаат во вашата кујна. Од шпоретот конкретно извира целата енергија на просперитет, па многу е важно тој да биде совршено блескав и чист, како и енергијата во кујната.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (7).jpg

Ослободете го просторот на фрижидерот

Магнети, разгледници, писменца со посвета или стикери со некој потсетник што треба да се купи… доколку надворешниот дел на фрижидерот ви е во неред, не е никакво чудо што и вие се чувствувате растревожени.

Поради ова посегнувате по храна од фрижидерот, дури и кога не сте гладни. Извадете ги сите работи кои се залепени на вашиот фрижидер, освен можеби неколку мотивациски цитати или драги фотки.

Листата на работи кои треба да се купат или направат преселете ја на внатрешната страна на вратничката од кујнскиот елемент.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (1).jpg

Скријте ја кантата за ѓубре

Никако не ставајте отворена канта за ѓубре во кујната и не ставајте ја во видното поле. Доколку имате услови скријте ја под садоперот.

Отворената канта која стои на виделина привлекува неред и во вашиот живот.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (5).jpg

Наполнете чинија со свежо овошје

Ова симболизира успех и благосостојба, па поставете ја чинијата на шанкот или на масата, но внимавајте површината да е чиста.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (4).jpg

Пронајдете место за билките

Теглички со свежи и сушени зачини, цвеќе или која било друга билка во кујната е сосема добредојден додаток кој внесува многу позитивна енергија, а ќе ја почувствувате веднаш штом ќе му пронајдете место на растението.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (13).jpg

Не ги избегнувајте боите

Колку повеќе бои во кујната - толку подобро. Како и билките, така и боите се задолжени за внесување добра енергија во кујната и воопшто – во вашиот живот.

Sozdadete-sovrsena-ebergija-vo-kujnata-so-pomos-na-Feng-shui-tehnikata (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
9 работи во домот, кои изгледаат одлично на фотки, но се непрактични во реалноста Oвален мијалник: Изгледа модерно, за разлика од стандардните, но покрај однатре,...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото) Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg