Трикови како да го претворите својот дом во оаза на мирот

Домот е место каде се одмoрате и се полните со енергија за сите дневни активности. Затоа, треба да биде вистинска оаза на мирот.

pretvorete-go-svojot-dom-vo-oaza-na-mirot-01.jpg

Погрижете се вашиот дом да биде место каде се ослободувате од стресот и тензијата и си го враќате мирот и позитивната енергија.

Следете ги следните неколку чекори и ќе успеете во тоа:

Сите соби се важни

Многумина се трудат да ги уредат убаво дневната соба, кујната и тоалетот, без да се грижат премногу за остатокот од домот. Но, за во вашиот дом да владее мир и позитивност, потребно е на сите соби да им посветите еднакво внимание при чистењето и уредувањето.

Ослободете се од нередот

Неуреден дом е навистина неубава глетка. Ви треба многу време да си ги најдете потребните нешта, бидејќи се е затрупано со облека и кутии кои предизвикуваат енергетска блокада и хаотични мисли.

Направете план за темелно чистење и средување на нештата. Ќе се изненадите како наеднаш ќе протече позитивна енергија низ вашиот простор.

pretvorete-go-svojot-dom-vo-oaza-na-mirot-3.jpg

Одберете ја вистинската боја

Иако некоја боја ви се допаѓа, можно е да не соодвестува на просторното уредување. Но, доколку ви се допаѓа пурпурната нијанса на виолетовата боја, обидете се да додадете детали во таа боја или пак, да обоите ѕидови во светла нијанса на лаванда.

Ослободете се од лошите спомени

Дома сигурно чувате предмети кои ве потсетуваат на нешто од минатото, на пример подароци од поранешниот партнер или фотографии со луѓе кои некогаш ви биле пријатело. Ова не значи дека треба да ги фрлите, но можете да ги затворите во кутија која ќе ја чувате во шпајзот или подрумот, што подалеку од просторот во кој го поминувате денот.

pretvorete-go-svojot-dom-vo-oaza-na-mirot-02.jpg

Употребувајте природни материјали

Земете дел од природата и вметнете го во вашиот дом. Дрвена масичка, мермерни плочи во кујната, камин соѕидан со камења и секако, задолжителните собни растенија. Погрижете се и прекривките и постелнината да бидат изработени од природни материјали.

Отворете ги ширум прозорците

Домот може да биде преполн со прашина и прашински грини колку и да се трудите да го исчистите. Понекогаш навистина е потребно да се пушти воздух однадвор, дури и ако живеете во централното градско подрачје. Редовно проветрувајте, за да имате природен тек на прочистување на воздухот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...

Најчитани неделава