5 „вечни“ парчиња мебел на кои не треба да штедите
Кога се подновувате со мебел и реновирате низ дома, од исклучителна важност е да знаете на што не смеете да штедите.

Колку и да сте ограничени со простор и буџет, постојат 5 работи кои се вечни и се купуваат еднаш или двапати во животот, па со нивниот квалитет не смее да правите компромис.
Зборуваме за:
Удобна софа
Во животот ја купувате еднаш, евентуално двапати и ја користите секојдневно.


Трпезариска маса на развлекување
Колку и да звучи старовремски, масата на развлекување со модерен дизајн, може да биде практично парче мебел кое ќе ви користи со години и во многу ситуации.


Удобни столчиња околу трпезариската маса
Кога се работи за удобноста при семејните собири и ручеци – не смее да штедите.


Масички со различна големина и висина
Овие масички се наоѓаат секогаш, во секој момент и за секаква намена.


Табуретки
Колку и да делуваат како неважен дел од ентериерот, табуретките кои ќе ги одберете паметно може да се вклопат во секоја соба и секој стил.


М. Д. | Црнобело