Како во 2019-та вашиот дом да биде ваш храм на мир и хармонија?

Една од новогодишните резолуции треба да ви биде и претворање на домот во место каде ќе се одмарате, ќе бидете смирени и ќе уживате во неговата топлина.

kako-vo-2019-ta-vashiot-dom-da-bide-vash-hram-na-mir-i-harmonija-01.jpg

Што и да ви се случува, вашиот дом ви е единственото засолниште каде можете да се изолирате и да бидете она што навистина сте.

Но, треба да внесете и одредени измени во него, за реално да се чувствувате како да сте во храмот на мирот.

Ова се задолжителни промени кои треба да ги воведете за навистина да биде така:

Спалната соба да биде без технологија

Дури и ако тоа значи да си купите старомоден будилник за на ноќната масичка.

Табла на благодарност

Ставете плутена табла и на нејзе закачувајте ги сите нешта кои ви будат убави спомени.

kako-vo-2019-ta-vashiot-dom-da-bide-vash-hram-na-mir-i-harmonija-03.jpg

Имајте полица со омилени книги

Ставете ги своите омилени наслови на видно место и секогаш читајте по малку од нив.

Внесете малку природа

Одгледувајте неколку собни растенија, кои освен што ќе го прочистуваат воздухот, ќе ви дадат и природно чувство во амбиентот.

kako-vo-2019-ta-vashiot-dom-da-bide-vash-hram-na-mir-i-harmonija-02.jpg

Исфрлете го ѓубрето

Во секој дом има предмети кои се крајно непотребни и не им е местото во фиоките и плакарите. Ослободете се од нив.

Обојте еден ѕид во смирувачка боја

Лаванда, ментол зелена, розова, нежно сина, изборот е на вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Трикови за уредување соба со малку природна светлина Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...

Најчитани неделава