6 причини според Фенг шуи: Зошто се чувствувате лошо во својот дом?

Домот, по дефиниција, би требало да е место каде се релаксирате, полните батерии и собирате позитивна енергија, но вие баш и не се чувствувате така.

6-prichini-spored-feng-shui-zoshto-se-chuvstvuvate-losho-vo-svojot-dom-01.jpg

Дизајнерите на ентериери и следбениците на фенг-шуи предупредуваат дека постојат шест причини зошто тоа се случува:

Немате домашни растенија и цвеќиња

Доволно е само една саксија со собно цвеќе за тоа да донесе освежување и повеќе воздух во вашиот дом. Исто така, ќе додаде живост во просторот, а присутноста на растенија докажано го намалува и стресот.

Фенг-шуи стручњаците препорачуваат да одгледувате бамбус или орхидеја, а да избегнувате кактуси.

6-prichini-spored-feng-shui-zoshto-se-chuvstvuvate-losho-vo-svojot-dom-02.jpg

Единственото осветлување е на таванот

Лустерите е нормално да стојат на таван, но добро би било да дадете дополнителна светлина и со столни ламби, па дури и со свеќички. Така во вашиот дом ќе има повеќе топлина и ќе биде поведро.

Немате чист влез во домот

Влезната врата и ходникот кој води кон дневната соба треба да бидат проодни и чисти. Внимавајте на расфрланите чевли и на натрупаните закачалки во ходникот.

Телевизорот е во фокусот на просторот

Наместо телевизорот, во фокусот на дневната соба е подобро да биде гарнитурата или каминот. Во спалната соба не треба да имате телевизор, ниту компјутер.

6-prichini-spored-feng-shui-zoshto-se-chuvstvuvate-losho-vo-svojot-dom-03.jpg

Трпезаријата ви е сина

Повеќе истражувања покажале дека боите имаат поврзаност со апетитот. Иако сината е добра доколку сте на диета, внимавајте кога приредувате свеченост или имате гости да не користите сини садови и декорации. Сината е одлична боја за спалната соба.

Немате шаренило

Кога бирате завеси, украсни перници или тапети, дајте си повеќе слобода и поиграјте си со боите. Истото можете да го направите и со ќебињата и прекривачите. Внимавајте да не биде еднолично, бидејќи вашиот простор ќе изгледа како ординација.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 „правила“ за уредување спална соба што може (и треба) да ги прекршите Ѕидовите на спалната не мора да имаат светла боја – темнозелените и темносините ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...

Најчитани неделава