Лесни чекори до нов изглед на вашиот дом (без да потрошите ниту денар)

Ги знаете оние фотографии од Pinterest на кои има само една мала масичка и куп книги? Токму тие ве тераат да посакате веднаш да го редизајнирате вашиот дом. 

lesni-cekori-do-nov-izgled-na-vasiot-dom-bez-da-potrosite-nitu-denar-01.jpg

Доброто е тоа што за да го направите вашиот простор автентичен и посебен, не ви е потребен којзнае каков буџет. Треба да сте само малку итри и за час ќе го претворите домот во катче од соништата.

Украсете го мебелот

Столот е само стол, освен ако не му додадете нешто екстра. Нова боја на ногарките, шарени перничиња или едноставно ПВЦ налепница - дозволете и на вашата фантазија да си поигра со мебелот и одберете ја техниката што најмногу ви се допаѓа.

Има многу забавни начини да го персонализирате мебелот, само треба да знаете што сакате да постигнете.

4 cekori do nov izgled na vasiot dom 02

Направете промена

Едноставна промена на ногарките на софата или трпезариските столчиња е лесен потфат кој не бара којзнае каква вештина или куп пари, додека визуелниот ефект може да биде навистина впечатлив.

Одберете традиционален стил на дрво или бидете похрабри и пробајте современи челични ногарки. Играјте се со контрастни и смели бои.

4 cekori do nov izgled na vasiot dom 03

Не заборавајте ги површините

Која било површина што не ви изгледа убаво лесно може да се разигра - зависно за каков материјал се работи, може да се обидете со боење, фарбање, користење на спреј, па дури и декупаж техника.

Можете да експериментирате со шаблони или пак да ги тестирата вашите уметнички способности. Дозволено ви е се, но трудете се тоа да биде во одредена насока и да не мешате стилови.

4 cekori do nov izgled na vasiot dom 04

Додадете мекост

Острите агли се тешки и груби за око, но лесно може да ги камуфлирате. Одберете тапацир со весел дезен или едноставно купете нови навлаки - додадете перничиња за доза удобност, и имајте на ум дека тие се прилагодливи на секое годишно време.

Зиме може да користите вештачко крзно или пердувести текстури, додека лете уживајте во леснотијата на сатенот и лесните ткаенини.

4 cekori do nov izgled na vasiot dom 05

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите) Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја на...

Најчитани неделава