Да се отвора навнатре, да има чергиче - 10 фенг шуи правила кои се однесуваат на влезната врата

Пред да започнеме со декорација и реновирање на внатрешноста на нашиот дом, треба да обрнеме внимание на самиот влез.

da-se-otvora-navnatre-da-ima-chergiche-10-feng-shui-pravila-koi-se-odnesuvaat-na-vleznata-vrata-01.jpg

Овој дел од куќата не треба да го игнорираме, бидејќи влезната врата е „премин“ од јавното место во местото во кое живееме.

Постојат неколку фенг-шуи правила за тоа како треба да изгледа нашата влезна врата:

1. На самиот почеток, важно е како изгледа нашата влезна врата, бидејќи го претставува нашиот дом и првиот впечаток за него. Важно е вратите да бидат поголеми и потешки, како и да се разликуваат од другите врати во куќата.

da-se-otvora-navnatre-da-ima-chergiche-10-feng-shui-pravila-koi-se-odnesuvaat-na-vleznata-vrata-02.jpg

2. Вратите можат да бидат еднокрилни или двокрилни, најдобро е да бидат изработени од цврсто дрво или некој друг „тежок“ материјал. Избегнувајте стаклени врати, како и лизгачки.

3. Вратата треба да се отвора навнатре.

4. Најпопуларната боја е црвена, но секогаш размислете за вашиот личен вкус и желби. Ако црвената не е ваша омилена боја, белата е, секако, добар избор, како и сите нијанси на кафеава.

da-se-otvora-navnatre-da-ima-chergiche-10-feng-shui-pravila-koi-se-odnesuvaat-na-vleznata-vrata-03.jpeg

5. На самата врата, истакнете го бројот на куќата / станот. Нека биде јасно видлив и впечатлив, како и плочката со презимето и / или имињата на луѓето кои живеат во домот.

6. Не дозволувајте вратите да крцкаат, да имаат скршена брава, да бидат валкани или оштетени делови. Сето ова е многу лесно да се поправи и позитивно ќе влијае врз вашиот дом.

7. Над вратата поставете светло, кое секогаш треба да биде вклучено.

8. Ставете чергиче. Нека биде убаво, интересно и секогаш чисто. Заменете го кога ќе се искине.

da-se-otvora-navnatre-da-ima-chergiche-10-feng-shui-pravila-koi-se-odnesuvaat-na-vleznata-vrata-04.jpg

9. Покрај вратата, од надворешната страна, поставете растение или друга декорација. Редовно чистете го просторот пред вратата.

da-se-otvora-navnatre-da-ima-chergiche-10-feng-shui-pravila-koi-se-odnesuvaat-na-vleznata-vrata-05.jpg

10. Украсете ја влезната врата со некој венец, срце или друга декорација која ќе одговара на сезоната.

da-se-otvora-navnatre-da-ima-chergiche-10-feng-shui-pravila-koi-se-odnesuvaat-na-vleznata-vrata-06.jpg

Без оглед на фенг-шуи техниката, секогаш избирајте ја вратата што е првенствено безбедна. Не треба да ги криете клучевите под чергиче, бидејќи таквите места не се безбедни и лесно се достапни за секого. 

Никогаш не го оставајте вашиот дом незаштитен.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg