10 правила за уредување на домот на кои треба да заборавите
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 правила за уредување на домот на кои треба да заборавите

Навистина е скапо да си најмите дизајнер кој ќе ви го среди домот, па најчесто останува на вас да одлучите што и како ќе правите.

10-pravila-za-ureduvanje-na-domot-na-koi-treba-da-zaboravite-01.JPG

А, доколку следите неколку едноставни правила, воопшто ќе немате потреба од дизајнер.

Денес можете да најдете безброј совети и трикови за уредување, токму од дизајнери, што ќе ви помогнат да го направите вашиот дом од соништата.

Според дизајнерите, постојат неколку правила за уредување кои можеби биле тренд, но сега е време да заборавиме на нив:

Не комбинирате различни стилови

Ако сакате да го уредите просторот во еден стил, не значи дека не смеете да додадете елементи од други „жанрови“.

На пример, традиционалните дизајни можат одлично да се вклопат со модерни елементи, како рустични парчиња мебел.

Ако не сте сигурни како ќе изгледа крајниот резултат, најдобро е да се фокусирате на боите, наместо на стиловите.

10-pravila-za-ureduvanje-na-domot-na-koi-treba-da-zaboravite-02.JPG

Само еден вид мебел

Кога купувате гарнитура, веројатно двоседот, троседот, фотелјите, па дури и масичката се исти, или од иста колекција.

Ова е навистина застарен тренд за уредување.

Можете сами да си споите гарнитура од неколку разни колекции. На пример, модерниот кауч би изгледал одлично со винтиџ фотелја и дрвена масичка.

На овој начин, просторијата ќе изгледа многу поинтересно и посветло.

10-pravila-za-ureduvanje-na-domot-na-koi-treba-da-zaboravite-03.JPG

Минималистички дизајни

Изгледа дека познатата изрека „помалку е повеќе“ веќе не важи.

Според дизајнерите, би требало да се обидете да вметнете што е можно повеќе елементи во просторот. Тоа можат да бидат уметнички дела, мали украси, дрво, метал или што било што ви се допаѓа.

Монохроматските бои и неутралниот ентериер можат да изгледаат здодевно, па не плашете се да си играте со бои и материјали.

Се разбира, важна е и умереноста.

10-pravila-za-ureduvanje-na-domot-na-koi-treba-da-zaboravite-04.JPG

„Лепење“ на гарнитурата до ѕидот

Ова го практикуваат речиси сите, но со овој распоред нема да ослободите повеќе простор.

Всушност, со „лепењето“ на гарнитурата до ѕидот, просторот ќе изгледа здодевно и чудно.

Ако станува збор за поголема просторија, можете да направите неколку катчиња – на едно место гарнитурата со телевизорот, на друго мала масичка со столче и слично.

На овој начин, ентериерот ќе изгледа персонализирано и уникатно.

10-pravila-za-ureduvanje-na-domot-na-koi-treba-da-zaboravite-05.JPG

Не комбинирате бои

Кога декорирате некој простор, обидете се да се држите до одредена палета бои. Ова важи за сите елементи во домот – мебелот, завесите, прекривачите, а не само за ѕидовите.

На пример, бидејќи светлите бои не одговараат со пастелните, не треба да ги мешате. Но ако одберете само, на пример, пастелни, имате цела палета бои кои можете да ги комбинирате.

10-pravila-za-ureduvanje-na-domot-na-koi-treba-da-zaboravite-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
Грешки кои ги прават младите при првото уредување на дом Доаѓа време да го декорирате својот прв стан и тогаш почнува да ви станува јасно...
Интересни начини да го декорирате домот со марами Верувале или не, марамите можат на интересен начин да го украсат домот. Ако имат...

Најчитани неделава