Како да си направите ваше катче за медитација?


Како да си направите ваше катче за медитација?

Одлучивте конечно да започнете да медитирате, но немате соодветен простор за тоа во вашиот дом? Без грижа, имаме неколку совети за вас. 

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-01.JPG

Ако секогаш медитирате на истото место, ќе се чувствувате многу поудобно, а кога ќе имате простор наменет само за тоа, ќе немате изговор да ја прескокнете медитацијата.

Па, погледнете како да си направите катче за медитација во вашиот дом:

Најдете соодветно место

Кое место ќе биде најдобро и колку истото ќе биде големо зависи само од вас. Пронајдете место што ве опушта и каде што се чувствувате најбезбедно во куќата, станот или дворот. Важно е да ви е удобно.

Исто така, проверете дали местото е доволно чисто и осветлено, и имајте барем едно растение таму.

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-02.JPG

Удобноста треба да биде најважна

Обрнете внимание на деталите што ќе ви помогнат да се чувствувате пријатно. Купете нова перница што ви се допаѓа, убав килим за седење или што било друго што е синоним за удобност и релаксација.

Kako da go napravite vasiot agol za meditacija 02

Украсете го катчето за медитација по ваш вкус

Сега кога сте го направиле вашето место за медитација удобно, време е да го украсите по ваш вкус. Запомнете дека не треба да претерате со деталите. Што повеќе работи имате, толку повеќе ќе бидете дефокусирани.

Опкружете се со мирисливи свеќи, наредете книги, ставете ги омилените украси, чинии, кристали. Можете да украсите и со есенцијални масла, мирисливи стапчиња, картички за мотивација...

Исто така, обрнете внимание на боите - нека преовладуваат нежни и пастелни бои.

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-03.JPG

Направете го вашето катче место за уживање

Ова значи дека ниту едно друго место во вашиот дом нема да биде како ова. Ова е посебно место, што ќе го користите само за медитација и релаксација.

Побарајте од членовите на вашето семејство да не доаѓаат овде и да го почитуваат вашиот личен простор.

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-04.JPG

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-05.JPG

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-06.JPG

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-07.JPG

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-08.JPG

kako-da-si-napravite-vashe-katche-za-meditacija-09.JPG

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 трикови кои ќе го разубават и најздодевниот дом на планетата Истакнете го вашето хоби, преуредете го мебелот, додадете боја, ставете свежо цв...
30 докази дека жолтата боја го носи летото во вашиот дом секој ден (фото) Освежете го вашиот дом и имајте го „сонцето“ во вашиот дом во текот на целата го...
15 едноставни начини со кои ќе му дадете нов и подобар изглед на домот Не ви треба којзнае колку труд за да создадете дом како оние што ги гледате во с...

Најчитани неделава