Работи кои треба да ги отстраните од домот по 30-тиот роденден


Работи кои треба да ги отстраните од домот по 30-тиот роденден

Ако не можете да го прославите 30-тиот роденден со голема забава, секогаш можете да прославите со средување на домашниот простор.

raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-otstranite-od-domot-otkako-kje-napolnite-30-godini-01.jpg

Можеби средувањето не е активноста којашто сте ја планирале за вашиот роденден, но откако ќе наполните 30, би требало да се ослободиле од некои работи во домот.

Во продолжение погледнете кои се работите од кои е редно да се ослободите сега штом наполнивте 30:

Стари и оштетени садови

Ретро садовите изгледаат навистина добро, но ако се оштетени, подобро да ги фрлите.

Овде спаѓаат садовите со пукнатини, со излупена боја и слично.

raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-otstranite-od-domot-otkako-kje-napolnite-30-godini-02.jpg

Чинии кои не припаѓаат на сет

Со текот на времето, во домот се собираат разни чинии кои не припаѓаат на ниту еден сет. Штом ќе наполните 30, најдобро е да се ослободите од нив.

Подобри имајте само еден сет со иста боја или дезен, отколку 10-тина различни чинии кои никако не се усогласуваат. Секако, тоа не значи да ги фрлите веднаш, но полека имајте во план да си создавате сетови, а овие може да ги подарите, да ги однесете во викендичка и слично.

raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-otstranite-od-domot-otkako-kje-napolnite-30-godini-03.jpg

Детска постелнина

Сега е време да инвестирате во нова и квалитетна постелнина. Сигурно повеќе не сакате да спиете на постелнина со Пепелашка која ја изгубила бојата од перење.

raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-otstranite-od-domot-otkako-kje-napolnite-30-godini-04.jpg

Облека што не ја носите

30-тите се одличен период вистински да го изградите вашиот стил.

Извадете ја целата облека од гардероберот и ослободете се од парчињата што не ги носите, дури и оние што ги чувате „за секој случај“. Донирајте ги на оние на кои им се неопходни.

raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-otstranite-od-domot-otkako-kje-napolnite-30-godini-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи од домот со кои е време да се збогувате Свесни сте дека во домот имате многу непотребни работи, не зависно дали добиени ...
Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
11 работи што треба да ги обоите за белиот ентериер да добие нов изглед Одвреме навреме, на сите ни станува здодевен и монотон домот, дури и ако кога см...

Најчитани неделава