Нов тренд на уредување за сите кои не сакаат минимализам – ќе се вљубите во еклектичниот стил (фото)

Кога поминувате многу време на Инстаграм гледајќи убавo уредени простори, дали понекогаш имате чувство дека сите домови се речиси идентични? 

Ke-se-vljubite-vo-eklekticniot-stil-01.jpg

Белата боја веќе предолго доминира во ентериерите, а минимализмот е сè уште присутен.

Поради недостатокот на работи во овие животни простори, понекогаш изгледа дека навистина никој не живее во нив и се декорирани само за убави фотки.

Доколку не сте љубител на минималистичко уредените простори, сигурно ќе ве израдува трендот кој полека добива популарност – еклектичниот стил на уредување на просторот.

Просторот е уреден на тој начин што се комбинираат различни, и на прв поглед неспојливи елементи и стилови, преземени од различни ери и уметнички правци.

Модерни парчиња мебел, во комбинација со винтиџ огледала со масивни рамки или пак тапети со мотиви од 70-тите години.

Добрата страна на еклектичниот стил на уредување е што нема строги правила коишто мора да ги следите, освен добрата композиција и деталите. Слободно може да ги ставите сите елементи кои вам ви се допаѓаат, се вклопуваат и ве прават среќни.

Еклектичните ентериери обожаваат максимализам. Многу слики на ѕидовите, зеленило на полиците, различни вазни за цвеќе, украсни перничиња, свеќи и секако многу необични детали, проекти од типот „направи сам“ и предмети донесени од патувања.

Доколку не сте преголем љубител на силни бои, може да го ограничите колоритот на пастелни нијанси и да си поиграте само со мешањето на стиловите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (евтини) трикови и совети за удобен дом во нордиски стил Не се опседнувајте со тоа креветот во спалната да биде совршено наместен, а наме...
3 идеи како практично да го уредите домот, според експерти за дизајн „Практичен ентериер е оној што може да го издржи секојдневниот живот. Не ба...
9 мали (и евтини) детали што прават домот да изгледа раскошно и отмено Продукти за нега наредени во послужавник, убави чаши и големо уметничко дело на ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...

Најчитани неделава