Во домот на Тодор и Кристина: Современо уреден стан од 88м2 во подножјето на Водно (фото)

Во станот на младиот брачен пар има ќоше со висечка лулашка кое служи како библиотека и место за релаксација. Дрвото како елемент е умешно избалансирано во сите соби за да дава топлина.

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-01.jpg

Кристина и Тодор Тодоровски живеат во стан во Скопје, во подножјето на Водно, Црниче. Станот има 88м2 и е со ориентација север-југ, со поглед на Скопје.

Улогата на архитект проектант во уредувањето на овој стан ја има Андреј Клинчаров.

Андреј Клинчаров за CRNOBELO.com открива:

„Често архитектонските проекти не завршуваат според првичните планови на хартија. Причина се тековните непредвидени работи, измени за да се задоволат потребите и желбите на клиентот, како и финансиските проблеми кои се јавуваат. Но, тоа не е случај со овој проект.

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-03.jpg

Имав среќа да работам со клиенти кои воедно ми се блиски пријатели и имавме целосна взаемна доверба во целокупниот процес на проектирање. Уште во самиот старт беше одбран стилскиот правец, комбинација од неколку комплементарни стилови, и тоа е големо олеснување за проектантот. Станува збор за стилот Mid-century modern.

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-05.jpg

Дневната соба како јадрото на случувањата во домот е споена со трпезаријата и кујната, каде преовладува индустрискиот стил (ѕид од тула со бакарна украсна сијалица, елемент за алкохол) во комбинација со современа верзија на ретро стилот (бела техника, технологија, столици, слики).

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-07.jpg

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-02.jpg

Модерното ќоше со висечка лулашка кое служи како библиотека и место за релаксација дава удобно чувство и пријатност кое се протега низ целиот стан. Целта е постигната, а тоа е адаптација на современото живеење на младиот брачен пар.

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-06.jpg

Рачната изработка на ореовата трпезариска и дневна мала маса ја внесуваат човечноста во веќе топлиот простор. Дрвото како елемент е умешно избалансирано во сите соби и позиции низ истите. 

vo-domot-na-todor-i-kristina-sovremeno-ureden-stan-od-88m2-vo-podnozhjeto-na-vodno-foto-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
На гости кај Драгана: Есенска бајка во стан во Гостивар со тикви и цвеќе (фото) „Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја са...
8 ситници со кои ќе внесете есенска магија во домот (без да потрошите многу пари) Мирисливи свеќи со арома на цимет, декоративни тикви, кујнски крпи со есенски мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg