Како изгледаше домот на маж ми пред да се вселам јас, а како изгледа сега? (фото)

Досега сме виделе поголем број трансформации на домови, но ова е една невообичаена фото сесија на една корисничка на социјалната мрежа Reddit, што покажува колку значи кога во домот има „женска рака“.

kako-izgledashe-domot-na-mazh-mi-pred-da-se-vselam-jas-a-kako-izgleda-sega-foto-01.jpg

Корисничката на Reddit пишува под псевдонимот @mimimeme2 во заедницата за декорирање на домот објави низа фотографии на кои се гледа како изгледал домот на нејзиниот сопруг пред таа да се всели таму, а како изгледа сега.

Велат дека од далеку може да се познае кога во куќата има жена што знае како да му даде топлина и светлина на просторот, а овие фотографии по сè изгледа се вистински доказ за тоа.

„Вака изгледаше дневната соба на мојот сопруг, пред да се вселам јас, а вака изгледа сега откако го уредив просторот“ – напиша таа над фотографиите.

Како што може да се види од самите фотографии, таа му дала живот на просторот така што го заменила стариот и дотраен мебел со нов, ги отстранила старите завеси и додала неколку украси.

На фотографиите по реновирањето можеме да видиме дека целиот простор бил обоен во бело, биле донесени свежи цвеќиња и секако нови тренди полици и кошници, како и бројни детали што прават просторот да изгледа помодерно.

Kako-izgleashe-kukjata-na-mazz-mi-pred-da-se-vselam-jas-a-kako-izgleda-sega-02.jpg

Особено се интересни огледалата со „макрами“ рамки во различни големини, како и новата удобна сива софа што се наоѓа во дневната соба.

Погледнете ја разликата во продолжение:

Kako-izgleashe-kukjata-na-mazz-mi-pred-da-se-vselam-jas-a-kako-izgleda-sega-02.jpg

Kako-izgleashe-kukjata-na-mazz-mi-pred-da-se-vselam-jas-a-kako-izgleda-sega-03.jpg

Kako-izgleashe-kukjata-na-mazz-mi-pred-da-se-vselam-jas-a-kako-izgleda-sega-04.jpg

Kako-izgleashe-kukjata-na-mazz-mi-pred-da-se-vselam-jas-a-kako-izgleda-sega-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази од уредување на дом на коj под итно му треба реновирање Непотребен празен простор помеѓу фрижидерот и елементите, различна боја и насока...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...

Најчитани неделава