Кај Сандра дома: Белата кујна од медијапан ми е погодок, но белите мат плочки ми се промашување (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Кај Сандра дома: Белата кујна од медијапан ми е погодок, но белите мат плочки ми се промашување (фото)

„Мој совет за висечките шкафчиња во кујната е - секогаш правете ги до плафон. Се добива многу повеќе простор за складирање и не се собира непотребна прашина во горниот дел, а отворените полици дефинтивно избегнете ги, мене ми се погрешен потег.“, раскажува 32-годишната Сандра.

грешки во дом пнг .fw.png

Сандра Малетски има 32 години, по професија е дипломиран педагог - магистер по менаџмент на човечки ресурси, сопруга на Станислав и мајка на 3-годишната ќерка Миа. Таа веќе неколку години со своето семејство живее во Софија.

Во нејзиниот дом преовладуваат светли бои и сѐ е во совршена хармонија, но сепак споделува дека покрај многуте погодоци при уредувањето на нејзиниот дом таа направила и по некоја грешка.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-01.jpg

Сандра за CRNOBELO.com споделува кои се најпрактичните и најфункционални работи кои ги направила при уредувањето на домот, а кои најнепрактичните:

Практични работи: 

Кујна во бела боја 

Кујната е изработена од медијапан во бела боја кој се покажа како едно од најпрактичните нешта во мојот дом.

Лесно е за одржување, не се познаваат нечистотии, отпечатоци од прсти и прашина. Се чисти неверојатно лесно со универзално средство и мека крпа.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-03.jpg

Висечки шкафчиња до плафон 

Мој совет за висечките шкафчиња во кујната е, секогаш правете ги до плафон. Се добива многу повеќе простор за складирање, не се собира непотребна прашина во горниот дел и визуелно ја прави кујната да изгледа поголема и со повисок таван.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-07.jpg

Вагонетка за зачини и масла

За мене ова се покажа многу практично бидејќи зачините и маслата за готвење секогаш ми се средени , скриени и на дофат на рака.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-06.jpg

Софа со мебел штоф „Aqua clean“

„Aqua clean“ технологија е вид на ткаенина која што е исклучително лесна за одржување и чистење, особено ако имате мали деца.

Секој вид на нечистотија, дури и фломастер се брише со влажна крпа или влажни марамчиња.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-02.jpg

Скриени кабли

Кога го уредувавме домот, најважно нешто за дневната соба ни беше да не се гледаат каблите од телевизорот. Тоа го постигнавме со врадување на каблите во ѕид и штекери скриени во шкафчето на висечката ТВ комода.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-04.jpg

Мат сиви плочки во бања

Плочките во бањата ги избравме во сива мат варијанта сè со цел да не се познаваат капки од вода. Можам со сигурност да тврдам дека се покажаа како одличен избор и освен што не се познаваат капки, многу се лесни за чистење.

kaj-sandra-doma-belata-kujna-od-medijapan-mi-e-pogodok-no-belite-mat-plochki-mi-se-promashuvanje-foto-08.jpg

Најголемите промашувања на Сандра при уредувањето на домот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 мали работи кои прават вашата кујна да изгледа неуредно Неубави садови за сол, бибер, кафе, шеќер и слично, изветвени крпи се само дел о...
Идеи за „ученички катчиња“ во собата на децата каде учењето ќе им оди полесно (фото) Зависно од тоа колку се големи децата и со каков простор располагате – уредете г...
15 идеи како да не инвестирате многу, а домот да изгледа како нов Ако живеете во постар дом, тогаш сигурно има работи кои ги обожавате околу него,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg