Предмети кои ги чувате во кујната, но би требало да ги преместите

Кујната би требало да биде најфункционалната просторија во еден дом.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-1.jpg

Секој детаљ би требало да си има своја намена, па иако често паѓаме во искушение да ја декорираме кујната по наша желба, сепак 7 предмети не би требало да се најдат во оваа просторија:

1. Тепих или чергичка

Поради големите шанси од капнување и валкање, најдобро е да се задржите на плочки.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-01.jpg

2. Книги со рецепти

Комплетно се непрактични поради тоа што само собираат прашина, а може и да се извалкаат од некои состојки при готвење.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-02.jpg

3. Агресивни хемикалии

Подобро е да ги чувате подалеку од просторијата во која ја припремате храната.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-03.jpg

4. Крпи и прекривки за маса

Сите крпи и ткаенини кои може да соберат мириси и ароми, би требало да ги чувате подалеку од кујната во која постојано се готви.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-04.jpg

5. Зачини на дофат на рака

Подобро е да ги скриете подалеку од прашината и маснотијата која се таложи на кујнските површини.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-05.jpg

6. Кујнски апарати кои ретко ги користите

Отворете си го работниот простор, со тоа што кујнските апарати што ретко ги користите ќе ги скриете во посебно шкавче.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-06.jpg

7. Украси и вази

Иако визуелно делуваат луксузно во просторот, секоја капка вода се претвора во бигор кога подолго ќе постои на украсот.

predmeti-koi-gi-cuvate-vo-kujnata-no-bi-trebalo-da-gi-premestite-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
9 работи кои оддаваат „дом без вкус“ Непривлечни саксии за цвеќе - Вашите убави растенија, заслужуваат тренди саксии,...
Мебел од ратан – летен хит кој ќе донесе свежина во домот (фото) Мебелот од ратан е хит за оваа пролетна и летна сезона и вреди да му дадете шанс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg