Фенг-шуи совети: Која боја на новогодишни украси ќе ви донесе здравје, среќа и пари во 2022?

Според кинескиот хороскоп 2022-та година е година на Тигарот, па така кога станува збор за боите на лампионите и декорациите мора да имате предвид дека ова „животно“ не сака дречливи бои или разнобојни декорации. Како да ја декорирате новогодишната елка?

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-01.jpg

Голем број од нас ги користат истите декорации секоја година, а други пак, вложуваат доста време и труд во тоа секоја година да направат различни декорации во нивниот дом за новогодишните и божиќните празници.

Но, што велат фенг-шуи експертите, каде треба да стои елката и кои бои на украсите ќе ви донесат повеќе здравје, среќа и пари?

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-02.jpg

Каде да ја ставите елката?

Според Кинескиот хороскоп, 2022-та година е година на Тигарот, па така фенг-шуи советите се врзуваат за оваа важна информација.

Според фенг-шуи секое место во домот има своја енергија, па затоа местоположбата каде ќе ја ставите елката има големо значење и за тоа на кое поле ќе забележите најголеми успеси во идната година.

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-03.jpg

Елката можете да ја поставите на соодветното место, во зависност од тоа на кое поле сакате да привлечете најмногу позитивна енергија:

Здравје – Доколку сакате да привлечете најмногу позитивна енергија на ова поле, тогаш елката треба да ја ставите во средиштето на собата, каде „се собира“ целата животна енергија.

Семејна хармонија и разбирање – Доколку сакате да постигнете подобри резултати на ова поле, тогаш елката треба да ја сместите во источниот дел од собата.

Признанија во општеството – Доколку сакате да стекнете поголема слава и да бидете поприфатени во општеството, тогаш елката треба да биде сместена во јужниот дел од собата.

Успех во кариерата – За поголеми успеси на кариерен и финансиски план, елката треба да ја ставите во северниот дел од собата.

Нова хармонична љубовна врска – Доколку сакате да имате повеќе успеси на љубовен план, ако копнеете да ја најдете вашата вистинска љубов, тогаш елката треба да се најде во западниот дел од собата.

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-06.jpg

Бои

Според кинескиот хороскоп 2022-та година е година на Тигарот, па така кога станува збор за боите на лампионите и декорациите мора да имате предвид дека ова „животно“ не сака дречливи бои или разнобојни декорации.

Затоа според фенг-шуи, можете да се определите за некоја од следниве палети на бои:

Златна, зелена и шампањ

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-06.jpg

Сребрена и сина

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-07.jpg

Kафеава и беж

koja-boja-na-novogodishnite-ukrasi-spored-feng-shui-godinava-kje-vi-donese-povekje-zdravje-srekja-i-pari-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...

Најчитани неделава