10 трикови за уредување на домот со кои ќе си го подобрите расположението

Закачете фотографии од среќни моменти, украсете го домот со растенија и внимателно одбирајте ги боите што ќе доминираат.

zakachete-fotografii-od-srekjni-momenti-i-ushte-9-soveti-za-ureduvanje-na-domot-so-koi-kje-si-go-podobrite-raspolozhenieto-01.jpg

Кога станува збор за уредување на домот, не е важна само естетиката. Пред сè, важно е да се чувствуваме среќно и пријатно во нашето опкружување.

А, за да го постигнете ова, доволно е да обрнете внимание на само неколку ситници.

Совети за уредување со кои ќе си го подобрите расположението:

Не го трупајте домот со непотребни работи

Нередот во домот и трупањето секакви предмети можат да го зголемат нивото на стрес и да имаат негативно влијание врз продуктивноста. Дури и ако сметате дека сте навикнати на натрупаниот простор, тој сепак има негативно влијание.

Од друга страна, организираниот и чист простор прави да се чувствуваме посмирено.

Па, за подобро расположение, најпрво ослободете се од сите непотребни работи во домот, вклучувајќи и украси и декорации кои прават просторот да изгледа натрупано.

zakachete-fotografii-od-srekjni-momenti-i-ushte-9-soveti-za-ureduvanje-na-domot-so-koi-kje-si-go-podobrite-raspolozhenieto-02.jpg

Додајте растенија

Природата има моќ да ни го подобри расположението, а сличен ефект ќе постигнете и ако додадете некое растение во домот.

zakachete-fotografii-od-srekjni-momenti-i-ushte-9-soveti-za-ureduvanje-na-domot-so-koi-kje-si-go-podobrite-raspolozhenieto-03.jpg

Закачете фотографии од среќни моменти

Во домот закачете барем 2-3 фотографии од моменти кога сте биле навистина среќни.

Секојпат кога ќе ги погледнете, ќе се присетите на овие мигови и речиси сигурно ќе се чувствувате барем малку посреќно.

zakachete-fotografii-od-srekjni-momenti-i-ushte-9-soveti-za-ureduvanje-na-domot-so-koi-kje-si-go-podobrite-raspolozhenieto-04.jpg

Додајте заоблен мебел

Заоблениот мебел, како кружна маса, делува похармонично и може да имаат позитивно влијание врз расположението.

Па, осигурете се дека во секоја просторија ќе имате барем едно кружно парче мебел или поголем украс, како кружно огледало.

zakachete-fotografii-od-srekjni-momenti-i-ushte-9-soveti-za-ureduvanje-na-domot-so-koi-kje-si-go-podobrite-raspolozhenieto-05.jpg

Боите се многу важни

Истражувањата покажале дека разните бои имаат различно влијание врз нашата психичка состојба. На пример, сината боја прави да се чувствуваме смирено, додека црвената може да предизвика слаба анксиозност.

Па, внимателно одбирајте ги боите на следното варосување.

Прочитајте и: Која боја е најдобра за секоја просторија од домот, според емоциите што ги предизвикува?

zakachete-fotografii-od-srekjni-momenti-i-ushte-9-soveti-za-ureduvanje-na-domot-so-koi-kje-si-go-podobrite-raspolozhenieto-06.jpg

Уште пет совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
7 нови трендови за уредување дневни соби за 2022-ра (и три застарени) Минималистичкото уредување повеќе не е хит, додека пастелните и кафеавите тонови...
Економичен начин да внесете гламур во домот – декорации со суви цветови (фото) Иако според фенг-шуи филозофијата, сувите цветови не се добра идеја за домот, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg