Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


На гости кај Драгана: Есенска бајка во стан во Гостивар со тикви и цвеќе (фото)

„Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја сакам таа преубава топла атмосфера со варени костени, чај и убава книга. Преплетени нијанси на портокалово, жолто и кафеаво…Тикви, цвеќиња, разни есенски украси. Сето ова се трудам да го доловам во мојот дом“, вели Драгана Ѓорѓиевска од Гостивар за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-01.jpg

Драгана Ѓорѓиевска живее во стан во Гостивар со сопругот и двете дечиња и во секој период од годината нејзиниот дом е тематски украсен.

Периодов тој е во најубавите бои на есента.

Драгана за CRNOBELO.com открива зошто ја обожава есента и кои материјали ги користела при китењето:

„Идилични пејзажи, раскош од бои, распослани златни лисја, бисерни сончеви зраци. Есента е магична. Со себе носи незаборавна атмосфера. Тикви, цвеќиња, разни есенски украси. Сето ова се трудам да го доловам во мојот дом.

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-14.jpg

Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја сакам таа преубава топла атмосфера со варени костени, чај и убава книга. Преплетени нијанси на портокалово, жолто и кафеаво…

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-04.jpg

Во мојот дом, како и што се гледа на фотографиите, е украсено со разни елементи кои асоцираат на есен. Дел од нив ги имаме во природата, дел ги купувам во локални цвеќарници, но и да не ги заборавам малите бизниси на Инстаграм кои навистина се трудат да создадат нешто магично.“

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-05.jpg

Есенската бајка во домот на Драгана:

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-15.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-13.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-12.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-11.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-10.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-09.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-08.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-07.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-06.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-03.jpg

na-gosti-kaj-dragana-esenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-02.jpg

Прочитајте и На гости кај Драгана Ѓорѓиевска: Совршено уреден стан во Гостивар (фото)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
На гости кај Боро: Есенски украсен стан во Скопје со тикви со најразлични форми, бои и текстури (фот... „Јас ја обожавам есента, затоа што ова е време е да ги извадите џемперите, ќебињ...
Кул идеја од Маја од Охрид: Издлабени тикви како саксии за есен (фото) Идејата на Маја Гугоска од Охрид дефинитивно ќе ве инспирира и вас. Издлабени ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg