Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашување“

Во врска со црниот мијалник за кој ретко кој се одлучува заради одржувањето од бигорливата вода, јас сепак би рекла дека лично нас ни е погодок. Немаме голем проблем со бели дамки, а и тогаш кога се појавуваат лесно се отстрануваат со средство и топла вода. 

Одбравме висока чешма со која прелесно се функционира и миењето на поголемите садови е едноставно, а секако и одлично се вклопува во црно-белата комбинација на кујна.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-13.jpg

Од оние работи кои жалам што не ги направивме на време додека се средуваше станот е што не ставивме никакво светло или лустери над шанкот.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-19.jpg

Тоа ни недостасува навечер кога другото светло е изгасено низ дома, а сметам дека осветлувањето е од особено значење за тоа домот да изгледа топло и пријатно.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-15.jpg

Нешто што особено го погодивме и секогаш го препорачувам на сите е ламинатот со фуги, кој е во топла мат кафеава нијанса и со дизајн на дабово дрво, кој наликува на дрвени штици.

Прелесен е за одржување и воопшто прашина не се познава на него, што е од голема предност.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-12.jpg

Како најголема грешка сепак го сметам ходникот, во прва прилика би го променила целиот.

Комодата која всушност ја користиме за чевли е многу мала и не собира доволно обувки. 

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-02.jpg

Би направила голема долга комода, големо и долго огледало и да има место каде да седнеме додека ги облекуваме чевлите бидејќи навистина има доволно простор за тоа.

Морам да го споменам и теписонот во дневната соба. Знаев дека сакам да го имам дома уште пред воопшто да ни е купен станот и навистина ни е полн погодок.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-06.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та Тиркизна и сива за бањата и спалната соба, како и боја на сенф и темносина за во...
На гости кај Татјана: Колоритен стан на Македонка во Швајцарија со специјално катче посветено на вер... „Во домот имаме и посебно место за Бог, бидејќи како голем верник во христијанст...
Трикови за уредување со кои и скромната кујна ќе делува луксузно и елегантно Акцентирајте некои делови со потемни нијанси и добро осветлете го просторот со н...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...

Најчитани неделава