Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашување“

„Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржлива е и за голема килажа до сто килограми, а во неа ужива мојот син Тино (4), но и јас и сопругот. Промашување пак ни е што не ставивме никакво осветлување над шанкот во кујната, додека уредувавме“, споделува Анета од Кавадарци за CRNOBELO.com.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-01.jpg

Анета (32) живее во Кавадарци со сопругот и 4-годишното синче Тино во стан од 90 метри квадратни.

Таа вели дека ја обожава топлината во нејзиниот дом и начинот на кој го уредиле, но сепак ако го врати времето наназад би направила неколку минимални промени.

Анета за CRNOBELO.com споделува кои се најпрактичните и најфункционални работи кои ги направила при уредувањето на домот, а кои најнепрактичните:

„Како и повеќето млади парови кои ќе купат стан, неговото уредување ни беше со ограничен планиран буџет, па се потрудивме сè да е естетски средено по наш вкус, но функционално, и лесно за одржување.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-17.jpg

И секако, кога сè е готово и почнуваш да живееш таму, секогаш го има она: „Ова можеше да се направи вака“ или „Следно реновирање ова ќе го смениме“.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-08.jpg

Како полн погодок најпрво би ја издвоила аголната гарнитура која е голема по димензии и иако нашата е без механизам, нуди бескрајна удобност особено со наслоните за глава кои се приспособуваат во повеќе нивоа. 

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-11.jpg

Широка е и комфорна за уживање преку ден, но и одлична за спиење ноќе.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-07.jpg

Кога станува збор за кујната, сметам дека изборот за бел мат медијапан ни беше добар, бидејќи е многу лесен за одржување и буквално ништо не се познава на неа, но жалам што во долните елементи не вметнавме повеќе фиоки.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-18.jpg

Сметам дека се многу пофункционални и подобри за организацијa, а нашата кујна има само три.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 типови даски за сервирање што треба да ги имате дома ако сте „зависник“ од мезиња Мини даска за млечни производи со соодветни ножиња на магнет, шарена дрвена даск...
Кај Александра дома: „Полиците со различна висина ми се погодок, но вградениот аспиратор ми е промаш... „Погодок ми е што димензијата на фиоките ја правев според организерите кои беа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg