Трендови за уредување што ќе исчезнат до 2026-та, според дизајнери на ентериер
Дрвените панели може да изгледаат премногу монотоно, исто како и минималистичкиот стил, без никаков личен печат.

Ако до неодамна најмногу се ценеше минимализмот, сега дизајнерите откриваат дека луѓето повеќе сакаат домот да им делува топло.
Попопуларни стануваат уникатните декорации и боите кои му даваат посебен шарм на просторот.
За кои трендови експертите предвидуваат дека ќе исчезнат до следната година?
Дрвени панели
Изминативе неколку години, дрвените панели беа фаворит за акцентирање ѕидови.
Но, биејќи минимализмот излегува од мода, обичните дрвени панели со пастелна боја може да делуваат монотоно.
Според дизајнерите, многу попопуларни стануваат „поживи“ техники за акцентирање, како тапети.

„Генерички“ уметнички дела
Кога е во прашање уредување на просторот, сè повеќе се цени уникатноста. Па, уметничките дела кои се произведуваат масовно и ги има насекаде ја губат својата популарност.
Дизајнерите советуваат да ги украсите ѕидовите со уметнички дела и фотографии кои за вас имаат значење.
Со ова, домот ќе добие посебен шарм и ќе изгледа уникатно.

Индустриски дизајн
Таканаречениот индустриски дизајн беше вистински хит изминативе неколку години.
Но, бетонот што се гледа, видливите цевки, инсталации и слично прават просторот да делува премногу студено, дури и да личи на канцеларија.
Па, постепено излегува од тренд.

„Стерилен“ минимализам
Иако нема ништо лошо во минималистичкото уредување, кога ќе се претера со овој стил, домот изгледа навистина студено.
Кога во домот доминира бела (или некоја друга светла нијанса) и нема никаков личен печат, повеќе личи на салон за мебел отколку на живеалиште.
Во ред е да го уредите домот минималистички, но дизајнерите советуваат да додадете и малку боја и некој ваш личен печат.

Спирова С. | Црнобело
