Хит тренд за новогодишно украсување на малите станови: Мини елки со природен изглед (фото)

Празничната сезона полека почнува да се чувствува, како во европските градови, така и во домовите на Македонците, судејќи по Инстаграм фотките, а овојпат се фокусираме на малите домови во кои нема место за огромна елка. Малите елкички со природен, минималистички изглед се вистински хит. 

hit-trend-za-novogodishno-ukrasuvanje-na-malite-stanovi-mini-elki-so-priroden-izgled-foto-01.jpg

Секако дека секој посакува новогодишна елка украсена во една или повеќе бои, со многу украси и сијалички, кои се симбол за оваа сезона.

Сепак, не може да го игнорираме фактот дека во помалите станови нема простор за голема елка, но тоа не значи дека не може да се внесе празнична еуфорија со минималистички ефект.

Природните елки или вештачките мали елкички кои многу наликуваат на природни, ставени на некоја мала масичка, на полица, на комода, па дури и на работната маса во кујна, се новиот тренд за помалите домови, но и за љубителите на минимализмот.

Овие елкички не се претрупуваат со украси, доволни се само сијалички или по желба уште неколку мали лампиони, во околината уште неколку украси и новогодишното катче со природен амбиент е готово.

Неколку докази дека и малите елки изгледаат прекрасно:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази од уредување на дом на коj под итно му треба реновирање Непотребен празен простор помеѓу фрижидерот и елементите, различна боја и насока...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава