9 начини како да ја претворите обичната бања во стилска просторија од домот
Ставете огледало со необична форма наместо комплетите со елементи што ги има во секој дом. Не се плашете од црните чешми кои изгледаат полуксузно. Фрлете го здодевниот спреј за воздух.

Многумина забораваат дека и бањата е дел од домот и дека треба да изгледа свежо, со пријатни и складни бои, но и со впечатливи детали, за да има стил во секоја просторија.
За бањата да ви изгледа луксузно и стилски не мора да потрошите цело богатство, но добро е да одберете неколку детали кои ќе остават личен печат и ќе изгледаат полуксузно.
Во продолжение предлог начини како да го направите стилски и овој дел од домот:
Користете складни бои, но не заборавајте да акцентирате и да оставите личен печат

Не се плашете од црната или златна боја – дава полуксузен изглед на чешмите

Ставете огледало со необична форма и рамка, наместо класично

Наместо класични неонки, ставете соодветен лустер

Металните детали треба да бидат во иста боја

Не бирајте детали во силни бои, може да одберете крпи со линии во складна боја наместо обични

Додадете детали од различни материјали и избегнувајте сѐ да биде пластично

Ако има место, додадете мини столче или интересен детаљ за седење / оставање работи

Користете пријатен освежувач за воздух, кој притоа изгледа декоративно

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете
Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит
Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив)
Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Трикови за уредување соба со малку природна светлина
Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок
Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та
Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...