На божиќна трпеза кај Dave’s Kitchen: 6 вкусни рецепти на кои нема да им одолеете

Крофни од апарат

Потребно:

  • 4 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 350ml јогурт
  • 170ml масло за јадење
  • 2 пакетчиња прашок за печиво
  • 35 лажици брашно
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте ги сите состојки заедно и во загреано апаратче за крофни испечете ги крофните по 5-6 минути.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-20.jpg

Мафини со пилешко во кари сос и лиснато тесто

Потребно:

  • 500g лиснато тесто
  • 1kg пилешки стек, исечкан на коцки
  • 1 лажичка мешан сув зеленчук
  • Сол и мелен црн бибер по вкус
  • 2 лажички кари
  • 2 лажички сенф
  • 500ml неутрална павлака за готвење
  • 500g свежи шампињони
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани

Начин на подготовка:

Во тава на загреано масло испржете го пилешкото и зачинете со мешан сув зеленчук, сол и мелен црн бибер. Испржете ги свежите шампињони на малку масло и додајте го лукчето, пржениот стек и полејте со неутрална павлака за готвење, сенф, кари и сол и бибер по вкус. Пропржете и оставете да се излади.

Лиснатото тесто пресечете го на коцки малку поголеми што се калапите за мафини.

Наполнете го секое парче лиснато тесто со смесата од пилешко во кари сос и печете на 190 степени околу 20-25 минути.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-19.jpg

Шишарки

Потребнo:

  • 300g мелени бисквити
  • 100g мелени ореви
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 200ml млеко
  • 100g маргарин
  • Чоколаден корнфлекс

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган промешајте го шеќерот, какаото, млекото и маргаринот. Кога ќе се растопи маргаринот, додајте ги мелените бисквити, мелените ореви и промешајте додека смесата не се соедини. Ставете ја во ладилник 1-2 часа да се стегне и оформете шишарки. На секоја шишарка ставете од чоколадниот корнфлекс и сервирајте.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-17.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...

Најчитани неделава