На божиќна трпеза кај Dave’s Kitchen: 6 вкусни рецепти на кои нема да им одолеете

„Користете свежи гранки од зимзелени дрва, шишарки, портокали и многу сијалички за да направите одлична атмосфера на празничната трпеза“, советува Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen и ни ги споделува неговите омилени рецепти.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-01.jpg

Еден од нашите најпознати млади готвачи, Давор Панчевски, познат на Инстаграм како @daveskitchen, за секој празник приготвува прекрасна трпеза.

Тој за CRNOBELO.com вели:

„Празниците се еден од најдобрите начини да се споиме со семејството и со луѓето кои ни значат.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-16.jpg

Празниците зближуваат и сметам дека секогаш радоста, сите среќни моменти и убави работи ги раскажуваме на семејниот ручек, сите заедно поврзани околу трпезата полна со превкусни рецепти, кои се карактеристични за овој период од годината.

За да се направи една трпеза, секогаш е добро да се има добар тајм менаџмент. Ако направите план со време кои рецепти ќе се подготват, испланирате пазарење на потребните состојки, па и ги измерите ден однапред, тогаш сметајте дека половина од работата сте ја завршиле.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-12_copy.jpg

Некои рецепти се повкусни ако се подготват ден, па и два однапред, па искомбинирајте такви рецепти кога подготвувате празнична трпеза.

Подгответе ги состојките од вечер, а следниот ден само промешајте и рецептите се за брзо готови.

Секогаш велам дека со минимален труд може да се дојде до максимално задоволство, а тоа значи дека ако добро ги испланирате рецептите, имате замисла како да изгледа трпезата, многу полесно ќе поминете со нервозите околу готвењето.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-15.jpg

Не е важно да се подготви јадењето за да го задоволи чувството на глад, туку да подготвиме нешто во коешто ќе уживаме и на начинот на кое е сервирано.

Користете свежи гранки од зимзелени дрва, шишарки, портокали и многу сијалички за да направите одлична атмосфера на трпезата“.

Рецептите на Давор:

Празничен коктел

Потребно:

  • 750ml џин
  • 750ml пенливо вино
  • 1l кисела вода
  • Пола вреќа мраз
  • Кругови портокал
  • Шумска брусница
  • Гранчиња рузмарин
  • Екстракт од вишна

Начин на подготовка:

Промешајте ги сите состојки во длабок сад и послужете ладно.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-11.jpg

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...

Најчитани неделава