На божиќна трпеза кај Dave’s Kitchen: 6 вкусни рецепти на кои нема да им одолеете

Крем салата:

Потребно:

  • 800g крем сирење
  • 500g фета сирење
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка копар
  • 1 лажичка мајчина душкичка
  • 1 лажичка оригано
  • 100g ореви
  • 1 китка магдонос
  • 100g брусница

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте го крем сирењето, фетата, и зачините. Целата смеса префрлете ја во стреч фолија и ставете во ладилник да се стегне. Во сецко ставете ги брусницата, магдоносот и оревите. Превалкајте ги сите состојки заедно и превалкајте го ролатот од крем сирење. Сервирајте.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-09.jpg

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-14.jpg

Чоколадна торта со вишни

Потребнo:

За тестото:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици мелени ореви
  • 1 лажица брашно

Овие состојки се дуплираат четири пати за да се направат вкупно 4 пандишпани.

За филот:

  • 12 жолчки
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 1l млеко
  • 200g темно чоколадо
  • 7 лажици шеќер
  • 250g путер, омекнат

За филот со вишни:

  • 500g вишни
  • 200ml вода
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пакетче пудинг од ванила

Начин на подготовка:

Белките изматете ги со шеќерот и ванилата во цврст снег. Додајте ги мелените ореви, какаото и брашното. Промешајте ги состојките заедно и печете на 180 степени околу 10-12 минути. Постапката повторете ја додека не направите вкупно 4 пандишпани.

За филот во тенџере на оган ставете ги жолчките, шеќерот, пудингот од чоколадо и млекото. Промешајте додека не се соедини целата смеса и не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и додајте го чоколадото. Промешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете да се излади, а потоа промашајте го со миксер и додајте го омекнатиот путер.

За филот со вишни, во тенџере на оган додајте ги вишните, водата, шеќерот и пудингот од ванила. Кога ќе се згусне, тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна и оставете да се излади.

За да ја склопите тортата, земете еден пандишпан потопете го со малку млеко и премачкајте го со чоколадниот фил. Потоа премачкајте со филот од вишни, и повторете ја постапката додека не се потрошат пандипаните и филот.

Оставете да се излади. Декорирајте ја тортата со изматен шлаг и новогодишни декорации.

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-06.jpg

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-05.jpg

Повеќе фотографии од трпезата на Давор:

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-08.jpg

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-03.jpg

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-02.jpg

na-bozhikjna-trpeza-kaj-dave-s-kitchen-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...

Најчитани неделава