Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив

Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls, од кои цел дом ќе ви замириса на цимет и никој нема да може да одолее на десертот. 

recept-za-sochni-cimet-rolnichki-so-preliv-cinnamon-rolls-01.jpg

Воздушести и меки, се топат во уста и имаат неповторлив вкус. Ако сте љубител на цимет, мора да пробате да ги направите и сами. 

Иако можеби делува како да се многу тешки, сепак постапката е едноставна, само треба да се држите до рецептот. 

Потребни состојки:

За тестото:

  • 500g брашно
  • 1 сув квасец
  • 80g шеќер
  • 2 жолчки на собна температура
  • 170ml топло млеко
  • 80g путер на собна температура
  • 150g грчки јогурт на собна температура

За филот со цимет:

  • 300g кафеав шеќер
  • 25g цимет
  • 130g омекнат путер

За прелив:

  • 200g крем сирење
  • 70g шеќер во прав
  • 50g путер на собна температура
  • Сок од ½ лимон

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте ги сувите состојки за тестото, додадете ги течните, па мешајте со миксер околу 5-8 минути додека не се соедини смесата.
  • Покријте го садот со тестото со проѕирна фолија и оставете го да се подига 2 часа на топло место, додека не се удвои големината на тестото.
  • Направете го филот од цимет, така што ќе ги измешате сите состојки во еден сад додека не добиете хомогена смеса.
  • На добро набрашнета површина, размесете го тестото со сукало, во димензии од околу 60х30cm.
  • Премачкајте го тестото со филот од цимет, насекаде подеднакво до самите рабови, а потоа цврсто замотајте го како ролат.
  • Со помош на конец формирајте 12 ролнички од ролатот и наредете ги на претходно намачкана тава со путер, во плех со големина 22х33cm или малку поголема.
  • Покријте ги со проѕирна фолија или крпа и оставете ги 30-тина минути да се подигнат уште малку, а за тоа време загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Печете ги 20-25 минути на истата температурата или додека ролните не добијат златно-кафеава боја.
  • Измешајте ги состојките за преливот и премачкајте ги ролните убаво насекаде (отприлика по една лажица за секоја ролна).

Погледнете го видеото од постапката: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за сочни пилешки крилца со барбекју сос, во AirFryer Рецепт за највкусните и најсочните пилешки крилца направени во Air Fryer - потоп...

Најчитани неделава