За велигденската трпеза: Гнезда од кадаиф полнети со Нутела и чоколадни јајца

Овие тартови кои наликуваат на гнезденца со јајца се прават многу брзо и лесно, а идеално ќе се вклопат како десерт на вашата велигденска трпеза. 

za-veligdenskata-trpeza-gnezda-od-kadaif-polneti-so-nutela-i-chokoladni-jajca-01.jpg

Ако уште немате смислено десерт за велигденската трпеза, имаме идеален предлог за вас. 

Се подготвува брзо и лесно во поголема количина, а изгледа совршено и ќе ви ја краси трпезата. 

Станува збор за тартови со кадаиф и Нутела, кои наликуваат на мини гнезденца со јајца. 

Потребни состојки (за 24 тартови):

За тартот:

  • 375g кадаиф
  • 125g несолен путер, стопен
  • малку путер за премачкување на калапите

За шербет:

  • 250g шеќер
  • 375ml вода

За филот:

  • 500g Нутела, претходно омекната

За декорација:

  • Мини велигденски јајца

Начин на подготовка:

  • Оставете го кадаифот на собна температура и загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  • Намачкајте ги со путерот калапите за мафини.
  • Во мало тенџере, ставете ги водата и шеќерот и на средна температура мешајте додека шеќерот целосно не се растопи.
  • Околу 7 минути нежно мешајте додека убаво да се соедини мешавината па оставете да се олади.
  • Кадаифот ставете го во сад и со раце кинете го додека не добиете ситни парченца.
  • Истурете го путерот во кадаифот и убаво измешајте со раце додека не се распореди насекаде.
  • Наполнете ја секоја дупка од калапот за мафини со кадаиф и благо притиснете на средината, така што од страните ќе биде повисоко.
  • Печете 30 минути, извадете ги од рерна и ставете по една лажица од шербетот на секој тарт, па оставете да се оладат.  
  • Нутелата, која претходно ќе биде омекната, префрлете ја во шприц или ќеса со дупка и ставете на средината на секој тарт, па декорирајте со мини јајца.

Видео постапка:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Рецепт за баклава полнета со Нутела и лешници – најдобрата што ќе ја пробате Традиционална баклава, но полнета со многу Нутела и ситно сечкани лешници – веро...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...

Најчитани неделава