Во кујна со Ангела (25) од Кочани: Рецепт за баклава со чоколаден фил и ореви
25-годишната Ангела од Кочани сподели рецепт за нејзиното височество, баклава, како што ја нарекува, а е полнета со чоколаден фил и ореви и се топи во уста.

Ангела Костадинова (25) од Кочани од мала е вљубеник во готвењето, а најмногу ги сака традиционалните рецепти од нејзината баба.
Овој пат, за CRNOBELO.com таа споделува рецепт за превкусна ролована баклава, полнета со чоколаден фил и мелени ореви.
Ќе им се најде на сите оние кои во наредниот период ги очекува слава, но и доколку сакате да ја направите за домашните оваа превкусна баклава која се топи во уста.
Потребни состојки:
- 500g кори
- ½ пакетче гриз
- ½ пакетче презла
За попарување пред печење:
- ½ коцка маргарин
- 200ml масло
За шербет:
-->
-->
- 800g шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- Вода колку да го прелие шеќерот
- Малку лимон
За фил:
-->
- 500g мелени ореви (дел може да бидат мелени, дел сечкани)
- 100g суво грозје
- 100g кокос
- 1 голема лажица какао
- 200g чоколадо за готвење, ситно сечкано
- малку млеко
За декорација:
- 100g бело чоколадо
- 2-3 лажици кокосово или обично масло


Начин на подготовка:
- Состојките за филот се мешаат во еден сад и се додава малку млеко (од око), колку да ја соедини смесата да биде густа за да не се распаѓа при сечење на баклавата.
- Се зема една кора, се наросува со малку презла и гриз насекаде, па врз неа се става друга кора, која исто така се наросува со презла и гриз.
- На втората кора, на почетокот се става од филот во еден ред, па двете кори заедно цврсто се замотуваат.
- Постапката се повторува додека има фил, зароланите кори се редат на претходно подмачкан плех со масло и се сечат на парчиња.
- Се загрева пола коцка маргарин и 200ml масло, па додека е уште врело се попарува баклавата.
- Се става да се пече на 150-200°С, околу 20-30 минути или додека не добие златно-кафеава боја, а потоа се остава да се излади.
- Во тенџере се мешаат сите состојки за шербет и се става да зоврие 10-15 минути и со врел шербет се попарува ладната баклава.
- Се затвора со алуминиумска фолија и најдобро е да отстои преку ноќ.
- Следниот ден се растопува 100g бело чоколадо со 2-3 лажици масло (може и кокосово) и одозгора се декорира баклавата.


М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
-->
