Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините деца
Боранија со јунешко по рецепт на Катарина Ивановска:

Потребни состојки:
- 600g јунешко месо (рибица)
- 2 кеси смрзната боранија
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 моркова
- 3 лажици доматно пире или салца
- 1 лажица сенф
- Сол, бибер, рузмарин, мајчина душичка (по вкус)
Начин на подготовка:
- Се запржува главица кромид со две чешниња лук и 2 моркова (ситно сечкани).
- Се додава сол, бибер, рузмарин, мајчина душичка по вкус, па кога убаво ќе се спојат се додава јунешкото месо пресечено на коцкички и се пропржува.
- Додавам 1 лажица сенф и доматно пире или салца, околу 3 супени лажици.
- На крај ставам 4 шолји вода и оставам да се динста еден час.
- Потоа ставам две кеси смрзната боранија и варам уште 30 минути, да се свари боранијата и да се соединат сите вкусови.
- Во експрес лонец целиот процес е побрз, но овој пат не го искористив.
Повеќе фотографии:




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
-->
