Вкусни крофнички за цело семејство, по рецепт на Данче

Ова е рецепт со кој најлесно и без промашување ќе си направите домашни, вкусни крофнички, како да сте во некое летувалиште - Данче споделува видео постапка за овој десерт. 

recept-za-vkusni-krofnichki-za-celo-semejstvo-po-recept-na-danche-01.jpg

Данче Томашевиќ е гевгеличанка која љубовта ја одведе во Нови Сад, а сега е и мајка на три деца.

На Инстаграм се прослави пред неколку години, кога почна да ги фотографира своите ремек-дела во чинија кои ги создава од храна.

Таа сега често споделува домашни рецепти, а еден од нив посебно ќе ги израдува децата, но и сите други членови во семејството.

Данче сподели лесен и едноставен рецепт за мини крофнички, прелиени со чоколаден прелив, исто како да сте покрај шеталиште на некое летувалиште.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 300ml јогурт
  • 370g брашно (тип 400)
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 рамна лажичка сол
  • Масло за пржење (поголема количина)
  • Ванила по вкус

Начин на подготовка:

  • Изматете ги јајцата со јогуртот.
  • Додадете брашно, прашок за печиво, сол и шеќер, па соединете ја смесата, да биде мазна и без грутки.
  • Во длабоко тенџере, загрејте убаво поголема количина на масло, на средна температура.
  • Со помош на две лажички, истурајте мала количина на тесто во маслото (бидејќи е тестото меко, формата е неправилна, погледнете во видеото).
  • Пржете ги со повремено превртување, додека крофните не поруменат од сите страни.
  • Цедете ги врз бришач за да се впие вишокот масло.

Важна напомена:

  • По потреба додадете уште малку брашно – смесата треба да биде густа, но мека.
  • Ако сакате правилни, округли крофни, смесата треба да биде погуста од ова.
  • Маслото не смее да биде преврело – однадвор брзо ќе потемнат, а внатре крофните ќе останат живи.
  • Највкусни се кога се уште топли.

Видео постапка: 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава