Во кујна со Зорка: Рецепт за мусака, со потпечен кашкавал
Ако досега не сте подготвиле мусака, ви пренесуваме вкусен рецепт за ова традиционално јадење, како што го подготвува Зорка Јанчева, Македонка која живее во Шведска.

Мусака е едно од најчестите јадења кои се приготвуваат во македонските домови, но доколку досега не сте подготвиле, време е да научите.
Зорка Јанчева, Македонка која живее во Шведска, обожава да готви и често ги споделува своите рецепти на социјалните мрежи.
„Љубовта кон готвењето отсекогаш ми била голема и си уживам да си приготвувам јадења во кујна“ - ни откри таа.
Сега таа го сподели својот рецепт за мусака, која освен со прелив од јајца, ја подготвува и со запечен кашкавал.

Потребни состојки:
- 1kg мелено мешано месо
- 2 главици кромид
- 1 црвена пиперка
- 4 чешниња лук
- 1 домат
- 1kg компир
- 3 јајца
- 500ml млеко
- Рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Кромидот го сечкам ситно, заедно со пиперката и доматот, се пржат заедно.
- Потоа го додавам меленото месо додека убаво да се запржи, па додавам црвен пипер и сол.
- Компирот се лупи и го сечам на тенки крукчиња, па во тава редам ред компир, ред мелено месо, во два реда.
- Го ставам да се пече на 220 степени Целзиусови, околу 20 минути, но зависи како ви пече рерната.
- Во меѓувреме се матат јајцата и се мешаат со млекото, па се полева мусаката и повторно се враќа на печење да се крчка.
- На крај се става рендан кашкавал одозгора и повторно се враќа во рерна за да се стопи, а јас ставам малку кашкавал и во месото кога го приготвувам на почеток.




М. М. | Црнобело