Едноставен рецепт: Брз какао колач

Нема кој не сака слатки чоколадни десерти, посебно најмалите. Но, тоа не значи дека треба многу да се мачите во кујната и да подготвувате комплицирани рецепти.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-01.jpg

Напротив, можете да направите нешто едноставно и навистина вкусно.

Еве една идеја:

Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребно време за печење: 45 минути

Температура на печење: 170 степени


Потребни состојки:

  • 2 шолји шеќер
  • 1 и ¾ шолји брашно
  • ¾ шолја какао
  • Малку сол
  • ½ кесичка прашак за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет
  • Малку сода бикарбона
  • 1 шолја млеко
  • ½ шолја масло
  • 2 јајца


Глазура:

  • 100g чоколадо за готвење
  • 40g путер


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Во еден сад ставете ги млекото, маслото и јајцата. Во друг сад, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот, солта, сода бикарбоната и какаото. Помешајте ги состојките одвоено, па потоа полека со миксер започнете да ги додавате „сувите“ состојки на „мокрите“.

Калапот или садот во кој ќе го печете колачот посипете го со какао, а потоа додадете ја смесата. Печете во претходно загреана рерна околу 45 минути.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-1.jpg

Откако ќе го извадите колачот од рерната, на него можете да ставите глазура по желба, добиена со топење на чоколадо и путер или едноставно да го посипете со шеќер во прав.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-2.jpg

На здравје!

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за божиќни распукани колачиња од чоколадо – за празничната сезона Овие распукани чоколадни колачиња се прават лесно, а во празничната сезона убаво...
Во кујна со Мила: Рецепт за вкусна туршија за мезе со ракија (со зеленчук од нејзината градина) „Ние, градинарите, знаеме како е кога на крај на сезоната ќе ни останат десетици...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...

Најчитани неделава