Рецепт за божиќни распукани колачиња од чоколадо – за празничната сезона

Овие распукани чоколадни колачиња се прават лесно, а во празничната сезона убаво е секогаш да ги имате во украсен сад на трпеза.

recept-za-bozhikjni-raspukani-kolachinja-od-chokolado-za-praznichnata-sezona-01.jpg

Доколку сте љубители на благо, оваа празнична сезона вреди да си направите традиционални распукани колачиња.

Направете поголема количина, ставете ги во убав украсен сад и чувајте ги неколку дена (ако успеете да не ги изедете веднаш).

Потребни состојки:

  • 200g темно чоколадо за готвење
  • 60g путер
  • 2 јајца на собна температура
  • 100g кафеав шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 200g брашно
  • ½ пакетче прашок за печиво
  • Прстофат сол
  • Околу 50g шеќер во прав за одозгора

Начин на подготовка:

  • Стопете ги чоколадото и путерот и оставете ги на ниска температура додека во меѓувреме го припремате другиот дел.
  • Измиксирајте ги јајцата и шеќерот и ванилион шеќер, околу 3 минути на најголема брзина.
  • Додадете ги стопените чоколадо и путер и повторно измиксирајте да ја соедините смесата.
  • Додадете ги и сувите состојки и на бавна брзина измиксирајте само додека да се соединат.
  • Формирајте топчиња од смесата во големина на орев (ако ви се лепат оладете ја смесата 2-3 часа во фриижидер) и веднаш извалкајте ги обилно во шеќерот во прав.
  • Наредете ги топчињата во плех на хартија за печење и печете ги 10 минути во претходно загреана рерна на 180°С.

Видео постапка: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...

Најчитани неделава